Контакт

Свет

(Видео) Експлозии одекнуваат во Украина: лансирани хиперсонични проектили, Полска и НАТО подигнуваат борбени авиони

Објавено пред

Украинските власти известија за експлозии на североистокот, југот и на западот на земјата како дел од новиот бран руски ракетни напади за кои Киев рече дека ги оштетиле објектите на електричната мрежа.

dobivaj vesti na viber

Во раните утрински часови воздухопловните сили на Украина прогласија тревога во поголемиот дел од земјата, дури и во најзападните региони.

Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков уште во пет часот наутро, изјави градоначалникот Игор Терехов преку апликацијата за пораки „Телеграм“, како и во регионот Запорожје, според гувернерот Иван Федоров, кој исто така известуваше на „Телеграм“.

Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки, на „Телеграм“ изјави дека одбраната работи во областа.

Украинскиот министер за енергетика, Херман Халушченко, изјави на „Телеграм“ дека нападите биле насочени кон капацитети за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Во регионот Харков повеќе од 200.000 корисници останаа без струја по нападот, а жителите побараа засолниште во метро.

Украинската војска извести дека Русите испратиле беспилотни летала и хиперсонични ракети „Кинжал“ на цели во земјата и дека лансираат ракетни проектили од бомбардерите „Тупољев ту-95“.

Засега нема извештаи за жртви.

Олег Синегубов, гувернер на регионот Харков, појасни дека Русија користела противвоздушни ракети „С-300“ во нападот на енергетските капацитети во Харков. Оштетена е и станбена зграда. Поради масовниот напад на Украина, Полска подигна борбени авиони.

Свет

Татко убил две мали деца во Аризона, добивал третман за ментално здравје пред убиствата

Објавено пред

Татко од Аризона, Брук Матер, ги убил своите мали деца (7 и 6 години).

dobivaj vesti na viber

Брук Матер (34), неговиот син (7) и ќерката (6) во понеделникот беа пронајдени мртви во семејната куќа во предградието на Феникс.

Полицијата соопшти дека во скутот на таткото го пронашла оружјето – пушката со која е извршено злосторството, пренесува Daily Mail.

Матер добивал третман за ментално здравје пред убиствата. Мајката на децата, Хоуп Матер, загрижена повикала полиција, откако од училиштето била информирана дека децата не доаѓаат на настава.

Мајката отишла во куќата и заѕвонила неколку пати, но никој не и ја отворил вратата. Таа повикала полиција кога го видела автомобилот на Брук надвор од куќата.

Двојката била среде развод, а децата викендов биле кај татко им, пренесува Телеграф.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес од 4,7 степени во централниот дел на Турција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

dobivaj vesti na viber

Епицентарот се случил на 33 километри североисточно од градот Чорум, со население околу 180.000, додава EMSC.

Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри, а засега нема информации за евентуална материјална штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство

Објавено пред

Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.

dobivaj vesti na viber

Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.

„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија4 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија4 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија4 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија5 часа

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија7 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија8 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија9 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет10 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија10 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет10 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет10 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија20 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија1 ден

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија1 ден

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија1 ден

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет1 ден

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија1 ден

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...