Европа
Мачка позитивна на коронавирус, се заразила од сопствениците

Кај една мачка во Велика Британија е потврдена зараза со коронавирус. Управителката на ветеринарната служба, Кристин Мидлемис, изјави дека станува збор за редок случај во кој мачка е заразена со коронавирус.
Мачката била заразена од нејзините сопственици, кои биле позитивни на тестот. Во меѓувреме сите оздравеле, дури и мачката, пишува „Индипендент“.
Британскиот институт за јавно здравје препорачува граѓаните да ги мијат рацете редовно, пред и по контакт со животни.
Во сите случаи на заразени животни досега симптомите биле благи, а домашните миленици оздравеле за неколку дена. Научниците веруваат дека луѓето можат да заразат животни со вирусот, но не и обратно, бидејќи нема докази за пренесување на вирусот од животни на луѓето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Холандија за прв пат по Втората светска војна воведува полициски час

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте изјави дека сака да го спречи третиот бран на коронавирусот, поради што ќе се воведе полициски час од 20:30 до 4:30 часот наутро. Ова е прв пат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.
Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија Нос. Тој додаде дека за време на полицискиот час, движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.
Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.
Европа
Во Германија почина човек по вторпат заразен со коронавирус

Во Германија е регистриран прв смртен случај по втората зараза со коронавирус, што е трет случај од ваков вид во светот.
Починатиот за прв пат заболел од коронавирус во април минатата година, а по втор пат во декември. Тој не ја преживеа втората инфекција.
Починатиот човек живеел во областа Фројденштат, објавија здравствените власти на Штутгарт.
„Пациентот починал од Ковид-19 поради пневмонија и сепса, со откажувања на повеќе органи“, објавија надлежните органи.
Станува збор за маж на возраст од 73 години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.
Германските власти посочуваат дека се мали шансите некој по вторпат да се зарази со коронавирус, но има индивидуални случаи кога пациентите не создале доволно антитела.
Европа
Научниците од Оксфорд подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе можат да се борат со уште позаразни видови коронавирус.
Тимот кој стои зад вакцината од Оксфорд и „Астра зенека“ спроведува студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината, пишува британски „Телеграф“.
Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на откриените нови видови коронавирус во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптација на вакцините што е можно побрзо во борбата против мутациите на Ковид-19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот