Европа
Медведев за Украинците: „Ги мразам, ќе направам сè за да исчезнат“

Поранешниот руски претседател, еден од најблиските сојузници на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го објави својот нов статус на „Телеграм“, пренесуваат медиумите во регионот.
„Често ме прашуваат зошто моите објави на “Телеграм’ се толку жестоки. Одговорот е дека ги мразам. Тие се гадови и дегенерици. Тие сакаат смрт за нас, Русија. И додека сум жив, ќе направам сè за да исчезнат“, напиша Медведев мислејќи на Украина и Украинците, пренесуваат медиумите.
Тие анализираат дека Медведев неодамна сериозно му се закани на светот.
Former #Russian Prime Minister Dmitry #Medvedev: “People often ask me why my Telegram posts are so harsh. The answer is that I hate them. They are bastards and scum. They want death for us, for #Russia. And as long as I’m alive, I’ll do anything to make them disappear”. pic.twitter.com/3suXepthL7
— NEXTA (@nexta_tv) June 7, 2022
„Можна е голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија“, рекол Медведев. „Енергетската криза ќе се засили во оние земји што наметнаа пукање во сопствените нозе, односно санкции за снабдување со руски енергенти. Цените на фосилните горива ќе продолжат да растат, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави. Ќе има целосна меѓународна криза со храна со изгледи за гладување во некои земји“, додал тој.
Тој вели дека ќе бидат погодени многу сфери на животот во целина.
„Ќе избијат нови регионални воени конфликти на места каде што ситуацијата со години не е решена мирно или се занемаруваат значајните интереси на главните меѓународни играчи. Терористите стануваат поактивни верувајќи дека вниманието на западните власти сега е пренасочено кон пресметка со Русија“, напишал тој.
Заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација исто така ја најавил и веројатноста за нови епидемии „предизвикани од одбивањето фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје“, јавуваат агенциите. Зборувајќи за последиците од санкциите врз меѓународната соработка, Медведев рекол дека ќе има пад на активностите на меѓународните институции, кои не успеале да ја докажат својата ефикасност во решавањето на ситуацијата во Украина. Како пример го навел Советот на Европа.
Ќе се создадат нови меѓународни сојузи на земји засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“, заклучил политичарот, пренесува „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда, Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји, што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО.
„Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест члена на ПКК и шест члена на Фето, а од Шведска да екстрадира десет члена на Фето и единаесет члена на ПКК“, рече турскиот министер.
Вчера, пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и со шведската премиерка Магдалена Андерсон. Турција го блокира влезот на двете земји во НАТО обвинувајќи ги за засолниште на милитантите на двете движења. На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на три земји, со кој се отвора пат за проширување на алијансата.
„Турција го доби она што го сакаше“, соопшти кабинетот на турскиот претседател мислејќи на целосната соработка на државите во борбата против тероризмот.
Ердоган денеска ги објави 7-те точки од договорот потпишан со Шведска и Финска.
1. Финска и Шведска нема да обезбедат поддршка за ПКК и Фето, а Турција за возврат ќе обезбеди целосна поддршка на земјите во борбата против заканите врз нивната национална безбедност. Финска и Шведска се согласија најостро да го осудат тероризмот во сите негови форми и манифестации.
2. Финска и Шведска се обврзаа да потврдат дека ПКК е забранета терористичка организација и се обврзаа да ги спречат активностите на групата и сите други терористички субјекти, како и активностите на поединци во поврзани и групи или мрежи поврзани со тие терористи организации.
3. Финска истакна неколку неодамнешни амандмани на својот кривичен закон, кои го проширија опсегот на кривичните дела, од кои последниот стапи во сила на 1 јануари 2022 година. Шведска, од своја страна, потврди нов, построг закон за кривични дела на тероризмот и дека владата се подготвува дополнително да го заостри законодавството за борба против тероризмот.
4. Турција, Финска и Шведска потврдија дека меѓу нив повеќе не постои национално ембарго за оружје. Шведска ја менува својата национална регулаторна рамка за извоз на оружје во однос на сојузниците во НАТО.
5. Турција, Финска и Шведска се обврзаа на следните конкретни чекори: трите земји се согласија да воспостават заеднички, структуриран механизам за дијалог и соработка на сите нивоа на власта. Финска и Шведска ќе се борат против тероризмот одлучно и во согласност со одредбите на релевантните документи и политики на НАТО обврзувајќи се да ги преземат сите неопходни чекори за дополнително заострување на домашното законодавство за таа цел. Финска и Шведска навремено и темелно ќе ги решат барањата на Турција за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам.
6. За спроведување на овие чекори, Турција, Финска и Шведска ќе воспостават постојан заеднички механизам, со учество на експерти од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и правда, како и разузнавачки служби и безбедносни институции.
7. Турција исто така ја потврди својата долгогодишна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО согласувајќи се да ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на самитот во Мадрид во 2022 година.
Европа
Захарова: Западот вештачки ја одложува војната, Бугарија се користи за надмудрување на Русија

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека Западот вештачки ја одложува војната во Украина.
„Западот продолжува со ескалација на ситуацијата, вештачки одложувајќи ја специјалната воена операција обезбедувајќи му на Киев не само воена помош туку, се разбира, и политичка поддршка“, рече Захарова.
Напомена дека одлуката на самитот на Европската Унија да ѝ се додели на Украина статус на кандидат за членство во Европската Унија е уште еден пример за дејствата на западните режими за развој на територијата на Украина и користење на земјата како алатка за ограничување на Русија.
Одлуката на Бугарија да протера руски дипломати е донесена по барање на надворешни сили, тврди Захарова.
„Ова не е направено во интерес на Бугарија, ниту во интерес на граѓаните на Бугарија. Тоа е направено по наредба на надворешни сили“, рече Захарова.
Според неа, овие надворешни сили, под лажни изговори, се обидуваат да ги глумат земјите од Европа во конфликтот со Русија цинично манипулирајќи со независните влади и политичари.
Претходно, се дозна дека Бугарија протерува 70 руски дипломати и технички персонал на руската амбасада.
Европа
Северен Јадран преплавен со медузи

Медузите годинава го преплавија северниот дел на Јадранот.
Медузата може да предизвика болки како од изгореници и нејзиниот допир може да биде болен, особено за луѓето со чувствителна кожа и за децата“, вели доктор Тјаша Коговшек од Центарот за морски истражувања во Ровињ. Според неа, оваа година морето е променето и медузите полесно се приспособуваат на тие услови.
Како можна причина за појавата на голем број медузи ја наведува температурата, но не исклучува и некои други фактори.
На прашањето дали вака ќе биде цело лето, таа за загрепската телевизија N1 изјави дека медузите се присутни во текот на целата година и дека повеќето од нив и во зима.
Сега е сезоната на компас-медузите од февруари до јули. Потоа следуваат други видови, секој вид има своја сезона кога се појавува, објаснува таа.
Ги повика капачите да не ги допираат.