Европа
Медведев: Конфликт меѓу Русија и Америка за Украина би бил катастрофално сценарио

Русија и САД треба дипломатски да ја решат украинската криза, наместо ескалација на тензиите за собирање политички поени, изјави високиот руски безбедносен функционер и поранешен претседател Дмитриј Медведев.
„Очигледно, најважниот и единствен начин да се постигне договор за безбедносните гаранции е преку политички и дипломатски средства, преговори, користење на принципот на неделивост на безбедноста“, рече Медведев, пренесуваат агенциите.
Тој додаде дека потенцијалниот конфликт меѓу Русија и Вашингтон за Украина ќе биде катастрофално сценарио и изрази стравување дека „жешките глави“ во САД и НАТО воопшто замислуваат такво сценарио.
„Сметам дека тоа никогаш нема да се случи“, рече тој.
Неговите коментари одговараат на моделот на помека, поодбранбена реторика од Москва по неколку недели поагресивни забелешки од високи функционери, пишуваат медиумите.
„Другата работа е што има многу луѓе кои заработуваат на тоа, шпекулираат со тоа. Некои го прават тоа од незнаење, други затоа што водат одредена политичка агенда“, рече Медведев.
Медведев, кој важи за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и претседател од 2008 до 2012 година, посочува на висок американски сенатор за кој рече дека јавно ја разгледал можноста за ограничен руско-американски нуклеарен конфликт.
Медвед сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.