Контакт

Свет

Мистериозно почина уште еден близок соработник на Путин: Уредникот се задушил во автомобил за време на службено патување

Објавено пред

Уште еден близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин почина оваа недела, овој пат од наводен мозочен удар, додека беше на службено патување во селото Рошчино на далечниот исток на Русија.

dobivaj vesti na viber

Владимир Николаевич Сунгоркин (68) беше главен уредник на рускиот државен весник „Комсомолскаја правда“.

Според весникот, Сунгоркин починал „ненадејно“ откако покажал знаци на „асфиксија“ за време на вчерашното патување.

„Тоа се случи ненадејно, немаше индикации дека ќе доведе до фатален исход. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат за Хабаровск, планиравме да пристигнеме вечерва, а оттаму да се вратиме во Москва. Сè беше добро“ изјавил неговиот колега кој бил со него на службен пат.

Според зборовите на колегата, Владимир паднал во несвест неколку минути откако ѝ предложил на нивната група да најдат убаво место каде што ќе можат да се одморат и да ручаат, пишува МСН.

„Три минути подоцна Владимир почна да се гуши. Го изнесовме на чист воздух, веќе беше без свест. Ништо не помогна. Лекарот кој го направил првиот преглед рекол дека очигледно се работи за мозочен удар“, напишал неговиот колега.

Смртта на Владимир е последната во низата мистериозни смртни случаи на луѓе блиски до Путин кои загинаа од почетокот на конфликтот во Украина.

Иван Пекорин, директор на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, неодамна беше објавено дека починал откако наводно „паднал од брод“ во Владивосток.

Свет

(Видео) Украински дронови запалија складиште за нафта во Русија, а нападнаа град 1.500 километри оддалечен од украинската граница

Објавено пред

Украински беспилотни летала напаѓаат подлабоко во Русија. Тие го нападнаа градот Котелнич во руската Кировска област, а погодено е и складиште за нафта во Ростов.

dobivaj vesti na viber

Според гувернерот Киров, руската противвоздушна одбрана соборила два беспилотни летала додека три „паднале“ и предизвикале пожар во близина на нафтениот погон Зенит.

Беспилотните летала биле цели на резервоар со нафтени деривати, тврди гувернерот.

Нема информации за жртви или материјална штета. Соколов рече дека ситуацијата е „под контрола“.

Котелнич се наоѓа на околу 1.500 километри од украинската граница. Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало врз руската област Киров од почетокот на руската инвазија на Украина.

Според податоците на руското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила осум беспилотни летала над регионот Воронеж и четири над Ростовската област.

Украинската војска официјално не ги коментираше извештаите, кои не можат да бидат независно проверени.

Претходно, каналот „База телеграм“, кој е близок до руските безбедносни служби, објави дека три цистерни горат во складиштето за нафта Каменски, откако два дрона паднале во областа.

„Нема жртви“, рече гувернерот на Ростов Василиј Голубев на апликацијата за пораки Телеграм за нападот во областа Каменски.

„Пожарникарите го гаснат пожарот“.

Ројтерс успеа да идентификува едно од видеата, снимено во областа Каменски во Ростов.

Прикажи повеќе...

Регион

„Бора херојски се бори“: Лекарите даваат се од себе да ја подобрат состојбата на бубрезите и црниот дроб

Објавено пред

Бора Ѓорѓевиќ со денови е во болница во Љубљана каде лекарите се обидуваат да му ја подобрат нарушената здравствена состојба, а  се огласи и менаџерот на „Рибља Чорба“ кој ги откри деталите за состојбата на рокерот.

dobivaj vesti na viber

Фронтменот на „Рибља чорба“ е хоспитализиран во Словенија поради тешко воспаление на белите дробови, по што бил приклучен на кислород.

Во оваа прилика се огласи и неговиот менаџер Бане Обрадовиќ кој откри дека сите се надеваат на најдоброто.

„Бора Ѓорѓевиќ се наоѓа во Клиничкиот болнички центар во Љубљана. Тој беше интубиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Лекарите се трудат да ја подобрат здравствената состојба, особено бубрезите и црниот дроб. Добива соодветна терапија, Бора херојски се бори. Сите чекаме добри вести“, изјави менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, пренесува Блиц.

Прикажи повеќе...

Регион

Се урна хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, членовите на екипажот се спасени

Објавено пред

Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна  во областа на езерото Јабланица, на југот , потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) за радио Слободна Европа (РСЕ).

dobivaj vesti na viber

„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, а еден побарал медицинска помош“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР .

Причината се уште не е позната, изјави истиот извор.

Се додава дека повеќе информации ќе се знаат кога ќе заврши истрагата.

Соединетите Американски Држави и донираа четири нови хеликоптери Bell на Босна и Херцеговина во 2021 година во вредност од околу 35 милиони евра.

Едниот се превртел и бил оштетен во април 2022 година за време на обуката за летање.

Вооружените сили на Босна и Херцеговина „на хартија“ располагаат со повеќе од 40 хеликоптери.

Меѓу нив се и 35 хеликоптери Ми-8 кои се произведени пред повеќе од 40 години во поранешниот Советски Сојуз и сите, како што е најавено, ќе бидат отпишани поради неможност за сервисирање, застареност, исцрпување на ресурсите и неколку утврдени дефекти на основни склопови кои ги прават неисплатливи за ремонт .

Прикажи повеќе...

Најново

Топ20 минути

Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово

Вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која...

Свет50 минути

(Видео) Украински дронови запалија складиште за нафта во Русија, а нападнаа град 1.500 километри оддалечен од украинската граница

Украински беспилотни летала напаѓаат подлабоко во Русија. Тие го нападнаа градот Котелнич во руската Кировска област, а погодено е и...

Македонија1 час

Локализиран пожар кај Железничка и автобуската станица во Скопје

  Локлизиран е пожар во близина на железничка станица и автобуската станица во Скопје, каде гореше запалена сува трева меѓу...

Македонија4 часа

Лефков: Бисера Антоанета со службената картичка во Виена за 4 ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1200 евра

Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место...

Македонија4 часа

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

„Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе...

Регион4 часа

Се урна хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, членовите на екипажот се спасени

Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна  во областа на езерото Јабланица, на југот , потврди...

Македонија4 часа

Преименување на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза” во Чаир, продолжува систематското бришење на антифашизмот, велат од Левица

Денес, функционери на ВРЕДИ и тоа – вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината,...

Топ5 часа

Повреден моторџија во сообраќајка со камион во Тетово, оштетено и паркирано возило

„Вчера во 15.35 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа...

Регион6 часа

Минималната плата за 2025 година во Србија ќе биде 457 евра

Минималната плата за 2025 година во Србија ќе изнесува 53.592 динари, што е за 13,7 отсто повеќе од минималната за...

Македонија7 часа

Ангелов: Состојбата со пожарите повторно се влошува, граѓаните да бидат исклучително внимателни

„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат...

Свет7 часа

Зеленски: Украина ја произведе својата прва балистичка ракета

Украина успешно ја тестираше првата балистичка ракета од домашно производство, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Имавме позитивен тест на првата...

Свет7 часа

На социјалната мрежа Х повеќе од 36.500 извештаи за прекини на платформата во САД

Социјалната мрежа Х доцна синоќа доживеа прекини, со повеќе од 36.500 најавувања во САД, според сајтот за следење на прекини...

Свет8 часа

Џон Кирби: САД ќе го бранат Израел во секој напад од Иран

Соединетите Држави остануваат посветени на одбраната на Израел во секој напад од Иран, изјави портпаролот на Белата куќа за национална...

Македонија8 часа

Сиљановска Давкова го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и...

Македонија8 часа

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе добие кривична пријава од Левица

Ја известуваме јавноста дека против градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, поради пречекорување на границите на своите службени овластувања...

Свет23 часа

Русија за ризикот од Третата светска војна: Западот си игра со оган, тоа е многу опасно

Русија му порача на Западот дека си игра со оган додека размислува да и даде дозвола на Украина да напаѓа...

Топ1 ден

45-годишна жена пронајдена почината во нејзиниот дом на Бит Пазар

Вчера во 10.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар од членови на...

Македонија1 ден

Гаши: Гордо и со драга волја ќе ја почитувам одлуката на мнозинството, интерпелацијата е прва точка на дневен ред во вторник

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е уверен дека мнозинството во Собранието во вторник, кога ќе биде на дневен ред неговата...

Македонија1 ден

(Видео) „Извештајот од банката за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи“, Лефков објави документ

„Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе...

Македонија1 ден

Од утре до петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните и вечерните часови

Под влијание на циклонска активност од исток следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност...