Свет
Напад со нож пред болница во Шкотска, убиени три лица

Три лица се убиени во Килмарнок во Шкотска, две од нив во напад со нож во близина на болницата, соопшти полицијата.
Како што наведе полицијата, 39-годишна жена, медицинска сестра вработена во болницата, починала на паркингот на универзитетската болница кога била најдена со тешка повреда. Таа починала и покрај лекарската интервенција на самото место.
По само 20 минути, друга жена на 24-годишна возраст, била избодена со нож во градот Аиршир и била итно пренесена во болница со возило на брзата помош, каде што подоцна починала.
Медиумите пренесуваат дека се работи за мајка и ќерка, Ема Робертсон Коупленд (39) и Никол Андерсон (24). Полицијата сè уште не го потврдила нивниот идентитет.
Подоцна 40-годишен маж загина кога со автомобил удрил во надвозник. Полицијата верува дека трите случаи се поврзани, но дека не се работи за тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Финска воведува тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот

Од 8 март Финска воведува мерка на затворање на јавниот и економски живот во период од три недели, поради зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот, објави премиерот Сана Марин.
Блокадата нема да вклучува полициски час, но рестораните ќе бидат затворени, додека учениците на возраст од 13 години и постари ќе мора да преминат на настава од далечина, се вели во соопштението.
Покрај зголемениот број на заразени, експертите предупредуваат дека во Финска се појави нова мутација на коронавирусот. Оваа варијанта е означена како „фин-796Х“ и претставува мутирана форма на претходни соеви кои се откриени во Велика Британија и Јужна Африка.
Откриено е дека овие соеви се пренесуваат полесно отколку претходните форми на коронавирусот.
Европа
Рации во Германија, полицијата трага по исламски екстремисти

Во голема координирана операција спроведена рано утрово, германската полиција изврши претреси во Берлин и сојузната држава Бранденбург, како дел од истрагата на организација забранета за наводни врски со исламски екстремизам.
Околу 800 полицајци, вклучително и специјалци, учествуваа во операцијата, во која се претресуваа станови поврзани со членови на таа организација, изјавија германските власти.
Главната цел на рациите, како што информираат надлежните, е да се добијат докази, а засега нема пријавено апсења.
Властите во Берлин соопштија дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна денеска на прес-конференција.
Европа
Германец обвинет за шпионирање на Бундестагот за Русите

Германското сојузно обвинителство покрена обвинение против германски државјанин кој е обвинет за шпионажа во корист на руската разузнавачка служба. Обвинителството го товари за предавање на плановите на зградата на Бундестагот, пренесува „Ројтерс“.
Јенс Ф, наводно, собирал податоци од компјутери кои содржеле планови за зградата на Бундестагот, каде што ја одржувал електрична опрема во тамошните канцеларии, рече федералниот обвинител.
Обвинителството објави дека во втората половина на 2017 година, тој одлучил собраните датотеки да ги пренесе на руските разузнавачи и дека податоците ги испратил до службеник во руската амбасада, кој работел за руската разузнавачка агенција ГРУ, пренесува „Ројтерс“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер