Контакт

Свет

Напаѓачот од Нов Зеланд дејствувал сам

Објавено пред

Напаѓчот што во петокот уби 50 луѓе и рани многу други во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, дејствувал сам, но можеби имал поддршка, соопшти полицијата.

Полицискиот комесар Мајк Буш изјави: „Веруваме дека апсолутно имало само еден напаѓач што е одговорен за ова“. Но, тој додаде дека полицијата не ја отфрла можноста напаѓачот да имал поддршка од други луѓе и дека таквата претпоставка е многу важен дел од нивната истрага.

Австралиецот Брентон Тарант (28) беше обвинет за убиство во саботата, а судијата рече дека, најверојатно, ќе се соочи со повеќе обвиненија. Пред нападот Тарант објавил на интернет антиимигрантски манифест од 74 страници, а преку камера монтирана на кацига тој во живо го пренел нападот.

Австралиската полиција изврши претрес во домот на Тарант со цел да дојде до некаков материјал што би може да ѝ помогне на полицијата на Нов Зеланд. Комесарот Буш изјави дека австралиската полиција не открила ништо што би ја загрозило јавноста.

На прес-конференција што се одржа во понеделникот сопственикот на една продавница за оружје рече дека тие му продале четири пушки и муниција на Брентон Харисон Тарант преку онлајн-нарачка одобрена од полицијата.

Свет

Брисел е подготвен за одлагање на брегзит

Објавено пред

ЕУ ќе одобри одлагање на брегзит и по 31 октомври ако британскиот премиер, Борис Џонсон упати такво барање, но блокот нема да го направи првиот чекор, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на извори во Брисел.

Претставници на 27 членки на Унијата ќе се состанат утре за да го разгледаат најновиот развој на настаните. Џонсонпретходно во обраќање до пратениците рече дека не верува дека ЕУ ќе понуди дополнително одлагање и дека нема за тоа да преговара.

Но, претставниците на ЕУ рекле дека било јасно за време на дискусијата на лидерите на самитот дека ќе одобрат продолжување на рокот.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадрид го одби повикот за разговори со Каталонците

Објавено пред

Шпанската Влада го одби повикот на каталонскиот лидер, Квим Тора за нови преговори. Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво мора недвосмислено да ги осуди немирите со кои беше зафатена Каталонија.

Тој додаде дека Владата на Шпанија повеќе пати соопштила дека проблемот на Каталонија не е независноста, што нема да се случи, бидејќи е незаконска и не е желба на мнозинството Каталонци, туку коегзистенција. Претходно, Тора побара разговори со Владата во Мадрид, по пет дена немири предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.

„Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас“, истакна Тора, додавајќи оти минатонеделното насилство не ја отсликува „мирната природа“ на движењето за независност на Каталонија.

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Каталонската и шпанската полиција синоќа ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои шест часа го блокираа градот. Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот. Синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во северна Сирија, ако САД не ги исполнат своите обврски.

Обврска на САД е да влијаат на повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.

„Во овој момент ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите мораат да бидат повлечени од безбедносната зона и треба да го предадат тешкото вооружување. Мораат да бидат уништени нивните позиции. Ако тоа не се случи, операцијата ќе биде обновена. Нашата војска е целосно подготвена за тоа“ рекол Акар.

Турскиот претседател Ердоган и потпретседател на САД Мајк Пенс се договорија турската офанзива во Сирија да биде прекината на пет дена поради повлекување на курдските сили од границата со Турсија. Пенс соопшти дека договорот подразбира повлекување на курдските сили и дека САД ќе допринесат во тој просец. Тој истакна дека американската војска нема да се врати во оваа област.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет5 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет5 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ6 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија10 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести10 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија11 час

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија11 час

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет11 час

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија13 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа13 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија13 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт24 часа

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија1 ден

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија1 ден

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура1 ден

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија1 ден

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија1 ден

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија1 ден

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие