Европа
Напаѓач со нож повредил четири лица во Нов Зеланд

Во Нов Зеланд напаѓач со нож повредил четири лица пред случајни минувачи да го соборат на земјата и да го сопрат, соопшти полицијата.
Претставник на полицијата изјавил дека нападот во Окленд, кој траел помалку од 10 минути, бил случаен и дека осомничените се во притвор, пренесува „Ројтерс“.
Било изјавено дека нема индиции оти се работи за кривично дело од омраза бидејќи жртвите не биле од ист пол, националност и возраст, а дека полицијата бргу реагирала, го уапсила сторителот и спречила да дојде до поголем број жртви.
Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.
Случајни минувачи, кои се нашле на местото на инцидентот, го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.
Било прецизирано дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.
Нов Зеланд беше место на два насилни напада со нож во супермаркети минатата година, еден е наведен како терористички чин, а истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесува „Ројтерс“.
Минатиот септември муслимански екстремист инспириран од терористичката организација Исламска држава рани пет лица во супермаркет во Окленд пред полицијата да го застрела и да го убие.
И во мај минатата година клиентите и персоналот во супермаркет во Данедин успеале да спречат вознемирен маж да повреди поголем број лица по ранувањето четири лица во напад со нож, при што тешко повредил тројца.
Напаѓачот е осуден на 13 години затвор, јавува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бајден за нападот на парадата: Џил и јас сме шокирани

Американскиот претседател Џо Бајден реагираше на нападот во близина на Чикаго.
„Џил (сопругата на Бајден) и јас сме шокирани од бесмисленото вооружено насилство што уште еднаш донесе тага во американската заедница на овој Ден на независноста“, рече Бајден во изјавата откако најмалку шест лица беа убиени во пукотниците во Хајленд Парк во Илиноис, за време на парадата на 4 јули.
Бајден истакна дека веднаш ја упатил полицијата итно да помогне во потрагата по убиецот.
Тој потсети дека неодамна го потпишал законот за безбедност на оружјето. „Но, има уште многу работа да се направи и нема да се откажам од борбата против епидемијата на оружено насилство“, додаде Бајден.
Европа
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.
Европа
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

Во неделата борбени авиони „ФА-18“ на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион „изиџет“, кој летал кон шпанскиот град Махон.
Патничкиот авион полетал од Англија.
На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „ербас“.
An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm ?
— Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022
Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач.
Авионот, како што се наведува, по слетувањето, веднаш бил отстранет од главниот терминал.