Контакт

Свет

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Објавено пред

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение оцени дека овој чин претставува кршење на меѓународното право и голем предизвик за евро-атлантската безбедност.

„Силно го осудуваме овој чин кој не го признаваме, ниту некогаш ќе го признаеме. Ја повикуваме Русија да го врати Крим под контрола на Украина“, се вели во официјалното соопштение на НАТО.

Во него, членките на НАТО ја потврдуваат својата целосна посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како што се вели, во рамки на меѓународно признатите граници и територијални води.

„Крим е територијата на Украина“, јасно се наведува во соопштението.

Алијансата исто така изразува длабока загриженост во врска со кршењето на човековите права кое, како што се истакнува, руските власти де факто го спроведуваат врз нелегално присвоениот Крим, и тоа против Украинците, кримските Татари и припадниците на локалните заедници.

Во меѓувреме, и покрај ваквите меѓународни реакции, рускиот претседател Владимир Путин денеска отвори две нови електрани на Крим, откако на полуостровот во Црното Море пристигна за да ја одбележи, како што се вели, петгодишнината од повторното спојување на оваа области со Русија.

Централите кои се наоѓаат во градовите на Севастопољ и Симферопољ, делумно беа стартувани минатата година, но денешната свеченост го означи моментот кога тие почнуваа да работат со полн капацитет.

Претходно, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека церемонијата ќе покаже дека Крим конечно е во можност во целост да ги исполни своите енергетски потреби. Пред преземањето, Украина задоволувала 80 отсто од побарувачката за електрична енергија на полуостровот.

Украина сака да да го добие назад Крим, кој и натаму од повеќето земји е признаен како украинска територија, пишува агенцијата „Ројтерс“.

Свет

НАТО „будно и загрижено“ ги следи случувањата по нападот врз рафинеријата на Саудиска Арабија

Објавено пред

НАТО ги загрижено следи случувањата по нападитесо дронови врз нафтената рафинерија на Саудиска Арабија „Арамко“, изјави шефот на алијансата.

„Било каков прекин на глобалното снабдување енергија претставува голем проблем за НАТО членките. Го следиме развојот внимателно и загрижено“, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг ги повика сите засегнати страни да превенираат слични понатамошни инциденти, за кои тој вели дека претставуваат сериозна закана за безбедноста во регионот.

Во понеделникот, јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот со дронови и ги предупредија странските компании и работниците да не се приближуваат до рафинеријата, бидејќи може повторно да нападнат.

Хутите, кои добиваат поддршка од Иран повеќе пати нападнаа неколку стратешки локации на Саудиска Арабија со помош на дронови.

Прикажи повеќе...

Свет

Италијански војник избоден со нож во Милано, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Објавено пред

Италијански војник бил прободен со нож во грлото од напаѓач, кој, како што се вели во извештаите, извикувал „Алаху акбар“ пред Централната станица во Милано, пренесува РТ.

Наводниот напад се случил околу 10.45 часот по локално време. Војникот бил погоден во вратот и рамото за време на бесмислениот напад, пишува „Молано тудеј“. Напаѓачот избегал од местото на настанот, но бргу бил уапсен од полицијата и во тој момент извикал „Алаху акбар“.

Во тек се истраги за да се утврди дали нападот е поврзан со тероризам.

Војникот бил однесен во блиската болница на итен третман, а неговата состојба се смета за животонезагрозувачка и покрај длабоката рана на вратот. Напаѓачот, наводно странски државјанин, бил вооружен со ножици и бил редовен посетител на станицата.

Прикажи повеќе...

Свет

Талибанците презедоа одговорност за експлозиите во Кабул

Објавено пред

Движењето на талибанците ја презеде одговорноста за експлозиите што ги потресоа авганистанскиот главен град Кабул и провинцијата Парван утрово, пренесува „Ал џезира“.

Две експлозии го погодија предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Ашраф Гани во провинцијата Парван, при што загинаа најмалку 24 лица, а 31 беа повредени.

Нешто подоцна во центарот на Кабул се случи уште една експлозија, во која загинаа најмалку три лица, а повредени се уште неколку.

Претседателските избори, кои се одложени неколкупати, се очекува да се одржат во Авганистан на 28 септември. Ашраф Гани е претседател на земјата од 2014 година. Според уставот на Авганистан, претседател се избира за петгодишен мандат, кој може да се продолжи еднаш.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе до Собранието предлог одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно,...

Македонија12 минути

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија17 минути

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 час

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија4 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет5 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија5 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија6 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет17 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија20 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Досие