Европа
НАТО: Експлозијата на браната во Украина ја покажува бруталноста на руската војна

Уништувањето на браната „Нова Каховка“ во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Уништувањето на браната ‘Каховка’ денеска става во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина“, напиша Столтенберг во објавата на „Твитер“.
„Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“.
Висок украински безбедносен функционер рече дека уништувањето на браната е нова фаза на руската агресија.
Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија на Украина со, како што ги нарече, пропагандни митови до отворено објавување на своите вистински цели – „да се уништи Украина, да се убијат Украинците, да се уништат економијата и цивилните „структури за одржување на животот“.
Русија претходно секогаш негира дека целта ѝ биле цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ја разнеле хидроцентралата „Каховка“ однатре. „Во 2.50 часот вечерва руски терористи извршија внатрешна детонација на објектите на ХЕ „Каховска“. 80-ина населени места се во зоната на поплавите“, напиша тој на „Телеграм“.
Уништувањето на браната не претставува директна закана за снабдувањето со електрична енергија на земјата, соопшти украинското Министерство за енергетика.
„Експлозијата не влијаеше директно на состојбата на енергетскиот систем на земјата. Нема закана за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението. Произведената електрична енергија е доволна за потребите на потрошувачите.
Руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локалните проруски власти, јави дека е прогласена вонредна состојба во областа Нова Каховка во делот на украинската провинција Херсон, која е под контрола на Русија, по пробивањето на браната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Азербејџан го загрозува територијалниот интегритет на Ерменија

Претседателот на Франција зборуваше за односите меѓу Баку и Ереван поради последните настани во Нагорно-Карабах.
Макрон за „Франс прес“ изјави дека Азербејџан го загрозува територијалниот интегритет на Ерменија и затоа Париз многу внимателно ја следи ситуацијата.
Како што рече, тоа е сега на маса бидејќи властите од Баку сега немаат ништо и никој не ги спречува во нивните намери, па затоа се закана за границите на Ерменија.
Освен тоа, францускиот претседател ја обвини Москва дека станала соучесник на Баку, а коментирајќи ја поддршката на Турција за последната операција на Азербејџан, Макрон изјави дека Турција секогаш го поддржувала Баку бидејќи тие се сојузници.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска, на територијата на Азербејџан треба да се сретне со властите од Баку.
Сепак, украинскиот портал Strana.ua на „Телеграм“ објаснува дека главното внимание на лидерите на Турција и Азербејџан, најверојатно, нема да биде Нагорно-Карабах, туку копнениот коридор што го поврзува Баку со Турција, кој минува низ јужниот дел на Ерменија.
Европа
Арестович: Војната во Украина би можела да трае до 2035 година

Војната меѓу Русија и Украина би можела да продолжи повеќе од една деценија, рече Алексеј Арестович, поранешен советник на претседателот Володимир Зеленски, предвидувајќи дека соседите, веројатно, нема да ги решат своите разлики во блиска иднина.
„Ќе трае до 2035 година, тоа е сигурно“, изјави тој во интервјуто на својот канал на „Јутјуб“.
Според Арестович, Русија „бара нова форма на империја“, која никогаш нема да се создаде без Украина.
Поранешниот претседателски помошник потоа ја удвои својата прогноза велејќи дека „акутната фаза на стагнација ќе продолжи до 2035 година“. Сепак, тој тврди дека конфликтот не мора да биде воен. Двете страни би можеле да постигнат прекин на огнот или целосно да ги прекинат непријателствата, но конфликтот потоа ќе продолжи „на дипломатски, разузнавачки, економски и информациски фронт“.
„Украина мора да се навикне да живее во ситуација на постојана воена закана и да одржува „напредна состојба на подготвеност“, рече Арестович, сугерирајќи дека Киев треба да го следи примерот на Израел доколку сака да се приспособи на таквите околности.
„Може да избувне војна или да се случи граничен инцидент во секое време, дури и по завршувањето на сегашните борби“, вели тој.
Европа
Полскиот претседател не гледа проблем со рестартирање на испораката на оружје за Украина

Полскиот претседател се чини дека подал маслиново гранче во Украина по неколкунеделна расправија меѓу Варшава и Киев. Јавниот и жесток спор за зделките за жито, пакетите со помош и бегалците на крајот доведоа до тоа Полска да прогласи дека повеќе нема да испорачува оружје на Украина – оставајќи го Киев да се бори да ги поправи односите.
Сега претседателот Анджеј Дуда призна дека запаливите коментари на претседателот Зеленски на Генералното собрание на ОН можеби биле резултат на стрес и разговарал за можноста за продолжување на испораката на оружје за Киев. „Да не заборавиме дека Зеленски е под огромен притисок“, изјави тој за полскиот весник „Супер експрес“ во опширно интервју.
„Тој ги испраќа луѓето на фронтот, често во нивната смрт“.
Зборувајќи за трошоците за одбрана, тој рече дека новата опрема „мора да служи за зајакнување на полската војска“ пред да може да се испрати повеќе во Украина.
„Не трошиме милијарди за да ги дадеме сите одеднаш“, рече тој. „Но, тоа не значи дека ние воопшто нема да ѝ предадеме оружје на Украина“.