Контакт

Свет

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Сомалија

Објавено пред

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на автомобил бомба покрај безбедносен пункт во Могадишу, Сомалија.

Властите изјавија дека експлозивот во автомобилот го активирал бомбаш самоубиец, а засега има 12 загинати, меѓу кои и шестмина припадници на безбедносните сили и една жена – висок претставник од армијата. Останатите петмина загинати се цивили, а при нападот биле повредени и двајца членови на сомалискиот парламент.

Одговорност за нападот презеде исламистичката група Ал Шабаб, која е огранок на терористичката мрежа Ал Каеда во Сомалија.

Свет

Размена на заробени талибанци за Американец и Австралиец

Објавено пред

Претставниците на талибанците за агенцијата АП изјавиле дека тројца талибански затвореници ослободени од Кабул, кои се на пат за Катар, таму ќе бидат разменети за заложници од САД и Австралија, кои бунтовниците ги држат како заложници.

Засега е непознато каде се наоѓаат двајцата заложници, Американецот, Кевин Кинг и Австралиецот, Тимоти Викс.

Тројцата талибански затвореници, меѓу кои и Анас Хакани, помладиот брат на Сираџудин Хакани, кој ја предводи озлогласената мрежа „Хакани“, требаше да бидат ослободени пред повеќе од една недела по наредба на авганистанскиот претседател, Ашраф Гани.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

Објавено пред

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на политиката за проширување и пристапните процеси.

Министрите за прв пат ќе го разгледаат францускиот предлог за реформа на политиката за проширување, но не се очекуваат конкретни заклучоци, објави Советот на ЕУ.

„Не знаеме колку можеме да бидеме конкретни, но сигурно сакаме да испратиме позитивна порака до регионот“, соопштија од таму.

Најавено е дека министрите за општи и европски прашања на ЕУ (ГАЦ), денеска како последна точка на дневниот ред ќе разговараат за состојбата на полето на политиката за проширување и процесот на пристапување.

„Ова треба да биде само првиот чекор кон обновување на политиката за проширување, но и довербата меѓу земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан“, велат извори од Советот на ЕУ, а пренесе „Танјуг“.

Исто така, се очекува француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншалан, да ги претстави предлозите на официјален Париз за промена на методологијата за проширување.

Франција минатата недела до земјите-членки на ЕУ за разгледување достави таканаречен „нон-пејпер“ или предлог за дискусија, во кој беа наведени четири принципи што Париз ги смета за основа за новата методологија за проширување на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Свет

Помпео најави санкции за ирачките власти

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави денеска дека Соединетите Американски Држави се подготвени да воведат санкции за ирачките власти кои ја украле државата и оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

„Нема да стоиме додека ирачките власти прават народот да страда“, рече Помпео пред новинарите во Стејт департментот, пренесува „Ројтерс“.

Тој најави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние што повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа19 минути

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет14 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија16 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија17 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија21 час

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија21 час

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија21 час

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија22 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет24 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа2 дена

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија2 дена

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Досие