Европа
Најмалку 950 заразени на фестивал во Холандија каде што се влегуваше со ковид-сертификати
Фестивалот за електронска музика „Веркнипт“ во Утрехт, Холандија, според австриските медиуми, е во фокусот, иако на него можеа да влезат само оние со ковид-сертификат.
Услов за влез на фестивалот, кој се одржа на првиот викенд во јули, беше, вакцинација, негативен ПЦР-тест или лица со прележан коронавирус. Сепак, според извештаите речиси илјада гости на фестивалот биле заразени со коронавирус, а тој број има тенденција да расте, пишува „Шпигел“.
Настанот привлекуваше 10.000 луѓе на ден.
Според локалната здравствена служба, на првиот ден од фестивалот, 3 јули, биле заразени 448 посетители. На вториот ден, наводно, биле регистрирани 516 случаи со коронавирус. Портпаролката на службата, Лидија ван дер Меер, очекува дека бројот на инфекции може да продолжи да расте во наредните денови.
„Но, се надеваме дека сега сме на врвот“, изјави таа за медиумите.
Според здравствените служби, организаторите на фестивалот се придржувале на валидните мерки, што дополнително загрижува бидејќи се покажува дека и покрај мерките ширењето на коронавирусот не запира.
Тамошните медиуми потсетуваат дека холандскиот премиер пред два дена се извини за олеснувањето на мерките за кои тврдеше дека се погрешни и предвремени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

