Свет
Неидентификувани авиони нападнале позиции на проиранската милиција во Ирак

Неидентификувани авиони напaднале позиции на проиранската милиција во Ирак, во областа Јурф Сахар, северно од ирачката провинција Вавилон, што е под контрола на милициите „Катаиб Хезболах“, поддржани од Иран, убивајќи шест припадници на милицијата, пренесуваат ирачките медиуми.
Нема информации за жртви меѓу силите на ирачката армија присутни во областа.
Подоцна во вторникот, Безбедносната медиумска ќелија на ирачката влада соопшти дека експлозиите пријавени северно од Вавилон рано во вторникот утрото биле напади на Даеш врз неколку електрични столбови во областа, а не воздушни напади.
„Голем број електрични столбови во регионот Бахбахани, во северната провинција Вавилон, беа нападнати и саботирани од банди на ИСИС. Некои ги толкуваа овие напади како воздушни“, соопшти ќелијата на „Твитер“.
Централната воена команда на САД ја негира вмешаноста на САД во нападот.
Нападите се случија неколку дена откако израелски воени авиони нападнаа десетици места во регионот Деир ал-Зор во источна Сирија и во Ал-Букамал во близина на границата меѓу Сирија и Ирак.
Тогаш локалните медиуми соопштија дека нападите биле насочени кон десетици магацини и пунктови што им припаѓале на проиранските милиции и на ИРГЦ во целата област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Главниот шведски епидемиолог: Влегуваме во третиот бран на пандемијата

Се чини дека Шведска влегува во третиот бран на пандемијата, соопшти денеска здравствената агенција по воведувањето на новите ограничувања поради зголемувањето на бројот на заразени и многу брзото ширење на новите видови на вирусот кои се сметаат за позаразни.
Шведска регистрира 11.804 новоинфицирани од петокот до денеска, за разлика од 10.933 нови случаи минатата недела.
„Изгледа дека влегуваме во трет бран“, рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел.
Шведска воведе нови мерки – го ограничи бројот на клиенти во продавниците, а кафулињата и рестораните работат со скратено работно време.
Свет
САД воведуваат санкции за Русија поради ситуацијата со Навални

СAД ќе воведат санкции против седум претставници на руската влада поради ситуацијата со Алексеј Навални, изјави претставник на американската администрација.
Информацијата била соопштена за време на специјален телефонски состанок.
Како што се наведува, администрацијата на претседателот Џо Бајден сака односите меѓу Русија и САД да бидат стабилни и предвидливи, но нема да бара нивно ресетирање.
Американските власти усвоиле санкции против руски официјални лица и компании бидејќи заклучиле дека Русија се обидела да го убие опозицискиот лидер Алексеј Навални со нервен агенс, соопштија неименувани официјални лица од администрацијата на Бајден.
Зборувајќи пред новинарите преку конференциски повик, официјалните лица изјавиле дека потегот е направен во координација со Европската Унија, објави „Ројтерс“.
Тие исто така го повториле повикот на претседателот на САД, Русија да го ослободи Навални од затвор.
Претходно денеска, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва сигурно ќе одговори на евентуалните санкции што би ги вовеле Соединетите Американски Држави поради ситуацијата со осудениот Навални.
„Ние ќе одговориме без сомнение. Едно од основните правила во дипломатијата е реципроцитет. Нема смисла да се коментира ваков чекор. Ние неколкупати повторивме што мислиме за нелегитимните еднострани санкции што американските колеги планираат да ги користат. Тоа се случува секогаш, а потоа Европската Унија ги копира потезите на САД“, рече Лавров, а пренесе агенијата „Тасс“.
Лавров исто така додаде и дека САД немаат што конкретно да кажат во врска со наводите за наводното труење на Навални.
Свет
До мај ќе бидат испорачани речиси 237 милиони вакцини во 142 земји

Речиси 237 милиони дози од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 се очекува да бидат доставени во 142 земји до крајот на мај во рамките на програмата „Ковакс“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
Тој рече дека е предвидена испорака на вакцини во Ангола, Камбоџа, Демократска Република Конго и во Нигерија, јави „Ројтерс“.
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, изјави дека во неговата земја почнала имунизацијата со вакцини од програмата „Ковакс“.
Денес, преку програмата „Ковакс“ беше одобрена набавка на речиси 1,8 милијарда дози вакцини во 2021 година, што е речиси 500 милиони повеќе од планираното на крајот на минатата година, објави организацијата задолжена за координација на програмата „Ковакс“.
Првиот човек, Сет Беркли, рече дека се надева дека преку „Ковакс“ успешно ќе завршат преговорите за набавка на дополнителни 1,1 милион дози вакцини „новавакс“.
Тој објасни дека има доцнење во испораката на одреден број вакцини за „Ковакс“ од компанијата „Фајзер/ Бионтек“ поради дополнителни барања од производителите во врска со исплатата од обесштетување, објави „Ројтерс“.
Советникот на Светската здравствена организација, Брус Ејлворд, потврди дека планот за почнување на вакцинацијата во рамките на програмата „Ковакс“ во првите 100 дена од оваа година во сите земји што учествуваат во таа програма е сè уште валиден под услов производителите да се придржуваат до договорените рокови за испорака.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер