Свет
Нетанјаху: Израел ќе продолжи со воените операции во Сирија
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израел ќе продолжи со воените операции во Сирија.
„Ќе продолжиме да дејствуваме за да го спречиме военото воспоставување на иранската армија во Сирија и ние ќе продолжиме со воената координација меѓу израелските одбранбени сили и руската армија“, изјави Нетанјаху, а неговата изјава ја пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Русија во следните две недели, пак, соопшти дека ќе ѝ го предаде на Сирија модерниот систем за воздушна одбрана „С-300“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот на рускиот претседател Владимир Путин му рече дека снабдувањето на неодговорни играчи со напредни системи за оружје може да го зголеми ризикот во регионот, соопштија тамошните медиуми.
Во соопштението се вели дека во телефонски разговор спроведен кратко време откако Русија најави дека во рок од две недели ќе почне да ја снабдува Сирија со модерен систем за воздушна одбрана – „С-300“, Нетанјаху исто така рече дека Израел ќе продолжи да ги заштитува својата безбедност и интересите.
Кога Москва ја објави веста, реагираа и САД. САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот антиракетен систем „С-300“ во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба да се преиспита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

