Свет
Не стивнуваат апелите за мирно решавање на корејската криза

Додека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун секојдневно се заканува дека од својата земја ќе направи најголема нуклеарна сила на светот и дека Пјонгјанг нема никаква намера да се откаже од својата ракетна програма, од југот на Корејскиот полуостров не престанува со апелите за мирно решавање Јужна Кореја не престануваат апелите за мирно решавање на оваа криза и за изнаоѓање на трајно решение со кое ќе стивнат воените амбиции на северниот сосед.
Во изминатите три месеци Северна Кореја лансираше две балистички ракети преку Јапонија, и преку ова упати и директна закана до САД и американскиот претседател Доналд Трамп. Во насоката на зачувување на мирот на Корејскиот полуостров, како и изнаоѓање на трајно решение за нуклеарната криза се и мировните активности на јужнокорејската невладина организација „Небесна култура, светски мир” (HWPL), која низ текот на годината одржува многубројни настани на кои учествуваат голем број на светски политички и религиски лидери, како и претставници од невладиниот сектор и младински организации ширум светот – желни за мир и ставање крај на оваа криза.
По третиот Самит на Светската алијанса на религиите (WARP) кој годинава се одржа во септември и собра преку 50 илјади преставници ширум целиот свет, активностите на организацијата периодов беа насочени и на Балканот преку предавања посветени на мирот – а кои низ текот на ноември се одржаа на низа универзитети во Косово, Албанија и Македонија.
На предавањата беше истакната потребата од владеењето на правото при воспоставувањето на одржлив глобален мир, како и улогата на Декларацијата за мир и ставањето крај на војните како клучна алатка за реализацијата на оваа цел. На предавањата кои беа одржани во Македонија беше потенцирано дека постојат повеќе начини на кои може да постигне одржлив мир, особено помеѓу земјите на Балканскиот полустров и дека младите тука ја имаат клучната улога. Исто така беше потенцирана и улогата на жените како главни носители на мировни иницијативи.
Слични теми беа покриени и на предавата во Албаниј и Косово, каде беше потенцирано дека постигнувањето на мирот не е лесно, пред се поради многуте различности кои постојат во светски рамки, но дека преку организирани проекти и активности може да се дојде до конечната цел. На предавањата исто така беше истакнато дека активностите на јужнокорејската мировна организација имаат за цел да ги охрабрат и поттикнат сите оние кои сакаат да придонесат кон постигнувањето на глобалниот мир – а како прв чекор за реализација на оваа цел е и мирното решавање на корејската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.