Свет
Нова студија на Оксфорд открива оштетување на белите дробови три месеци по зараза со Ковид-19
Ковид-19 може да предизвика абнормални промени во белите дробови, кои можат да се детектираат подолго од три месеци откако луѓето ќе се заразат, покажува студија направена на Оксфорд.
Како што наведува Би-би-си, во истражувањето направено врз 10 пациенти со Ковид-19 била користена нова техника за снимање на белите дробови, за откривање на нивно оштетување што не може да се открие со конвенционалните методи на снимање. Новата техника користи ксенон гас при магнетна резонанца.
Пулмолозите наведуваат дека тест што може да открие долгорочни промени во белите дробови би значел голема работа за ковид-пациентите.
При снимање на белите дробови со новата техника, пациентите вдишуваат ксенон при магнетна резонанца.
Професорот Фергус Глисон, кој го предводеше новото истражување, ја испроба новата техника за снимање на белите дробови на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години.
Осуммина од нив се пожалиле на замор и проблеми со дишењето три месеци откако биле заразени со коронавирус, иако никој од нив не бил на интензивна нега или на апарати за дишење, а конвенционалните методи на снимање не откриле проблеми со белите дробови.
Новата техника за снимање открила оштетување на белите дробови кај осум пациенти кои се жалеле на проблеми со дишењето или отежнато дишење. На снимките се нагласени областите каде што кислородот не влегува лесно во крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.