Европа
Нови инциденти во источна Украина, сепаратистите тврдат дека гранатирано е село
Ситуацијата во Украина ескалира oд вчера.
Во четвртокот утрото беа пријавени неколку инциденти на истокотот од земјата. Украина тврди дека нападот го иницирале руски сепаратисти, а сепаратистите, пак, тврдат дека биле нападнати. Украинската армија вчера соопшти дека е погодена и детска градинка. Нови наводи за напади пристигнуваат и денеска.
Командантот на здружените сили на Украина, генерал-полковник Александер Павлиук, издаде изјава во која тврди дека трупите поддржани од Русија ги засилиле провокаторските акции пред безбедносната конференција во Минхен во обид да ги испровоцираат украинските вооружени сили на оган.
Зборувајќи за инцидентите со гранатирање, Павлиук кажа:
„Сето ова е направено за да се испровоцираат вооружените сили на одмазда и да се обвинат за геноцид. Наместо тоа, нашите вооружени сили се придржуваат до договорот од Минск и реагираат само кога ќе се исцрпат сите средства за прекин на огнот преку ОБСЕ и СЦЦЦ кога животите на војниците се загрозени“.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека регистрирало 60 прекршувања на примирјето извршени од сепаратистите во регионот на Донбас во последните 24 часа, при што еден војник е повреден, пренесува „Ројтерс“.
Од друга страна, бунтовниците во источна Украина, поддржани од Руската Федерација, ги обвинија владините сили на Киев дека денеска гранатирале село, пренесе „Интерфакс“.
Западните земји постојано ја обвинуваат Русија дека планира или поттикнува инцидент во областа под контрола на бунтовниците за да предизвика повод за напад. Москва, од друга страна, го обвинува Киев дека планира ескалација во обид насилно да ја заземе територијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е сериозно загрижена поради извештаите за ескалација. Русија се закани дека ќе реагира, вклучително и воено, доколку САД ги отфрлат нејзините главни безбедносни барања повторувајќи ја својата позиција американските сили да се повлечат од централна и источна Европа и од балтичките земји.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руски напад врз Украина е можен во следните неколку дена и дека сè укажува на тоа.
Бајден повторно телефонски ќе разговара со сојузниците од НАТО и ЕУ за украинската криза, дознава денеска кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо, а пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

