Свет
Во Нов Зеланд уапсен маж затоа што избегал од карантин, му се заканува висока глоба или 6 месеци затвор
Полицијата соопшти дека 32-годишен маж избегал од карантин во хотелот „Краун плаза“ во Окленд. Тој на излезот се претставил како работник, а кога не сакал да застане на барање на обезбедувањето, човекот почнал да бега. Набргу потоа човекот биле уапсен, недалеку од хотелот, каде што се наоѓал во карантин.
Човекот, чиј идентитет не е откриен, поминал еден ден во карантин по доаѓањето од Бризбејн.
Против него ќе биде поднесено обвинение врз основа на Законот за одговор на јавното здравје на Ковид-19 поради што би можел да добие голема глоба или казна од шест месеци затвор, потврди полицијата.
Властите на Нов Зеланд бараат од сите патници да поминат 14 дена во карантин во специјални објекти наменети за тоа по пристигнувањето во земјата.
Нов Зеланд ги затвори своите граници веднаш по избувнувањето на пандемијата и воведе строги мерки за карантин. Досега во оваа земја се забележани повеќе од 1.500 случаи на инфекција со коронавирус, од чии последици починаа 20 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

