Контакт

Свет

Нов инцидент во Тексас: Автомобил намерно покоси пешаци на автобуска станица, седум луѓе се мртви

Објавено пред

Седум лица загинаа, а најмалку шест се повредени откако автомобил удри во автобуска станица во градот Браунсвил, Тексас, јави денеска АП.

dobivaj vesti na viber

Според информации на локалните медиуми, осомничениот за нападот е во притвор.

АП наведува дека автобуската станица е во близина на засолниште за мигранти и бездомници во пограничниот град.

Свет

Путин ја повлекува војската од различни ерменски региони

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да ги повлече руските воени сили и граничарите од различни делови на Ерменија на барање на Ереван, изјави портпаролот на Путин за руската новинска агенција Интерфакс.

dobivaj vesti na viber

Соопштението уследи по заминувањето на речиси 2.000 руски мировници од регионот Нагорно-Карабах и околните области. Азербејџан насилно го врати тој регион во септември минатата година.

Нивното заминување стави крај на повеќегодишното распоредување кое и овозможи на Москва да има воено упориште во стратешки важниот регион, Јужен Кавказ.

Ерменија, исто така, побара од руските граничари да ги напуштат своите позиции на главниот аеродром во Ереван од 1 август.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на состанокот во средата во Москва постигнале договор за нови заминувања од споменатите области.

„Есента 2020 година, на барање на ерменската страна, нашите граничари и членовите на нашите воени сили беа распоредени во бројни ерменски региони“, изјави Песков.

Прикажи повеќе...

Свет

Свечен прием за кинескиот претседател Кси Џинпинг во Будимпешта

Објавено пред

Претседателот на Кина Кси Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијан беа свечено пречекани со воени почести во замокот Буда, Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Унгарија, Тамаш Суљок, премиерот Виктор Орбан и нивните сопруги ги поздравија Кси и неговата сопруга во пресрет на воената церемонија на вториот ден од нивната официјална посета на Унгарија, јави МТИ.

Кси и Суљок потоа ја следеа свечената парада на церемонијалниот баталјон на унгарските вооружени сили, Националната церемонијална коњаничка единица и полкот на грофот Ференц Надашди Хусар.

Прикажи повеќе...

Свет

Валери Залужни назначен за амбасадор на Украина во Велика Британија

Објавено пред

Поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, денеска е назначен за украински амбасадор во Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Указот за назначување на Залужни беше потпишан од украинскиот претседател Зеленски, кој претходно во март објави дека ја прифатил неговата кандидатура за функцијата, пренесува „Унијан“.

Зеленски на 8 февруари го разреши Залужни од позицијата врховен командант на вооружените сили наведувајќи ги неуспехот на летната офанзива и стагнацијата на ситуацијата на фронтот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно

Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните.  Со над 280...

Македонија3 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија3 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија4 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија4 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија4 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија5 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија6 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија6 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија6 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија7 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија14 часа

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија16 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија16 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија16 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија18 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија18 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија18 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...