Регион
Другар на Коста откри грозоморни детали: „Ќе добиете подарок в среда на училиште“
Другар на Коста зборува за него како оделе на фудбалски натпревари и се дружеле и дека тој му кажувал колку се забавува на стрелиштето.
Убиецот бил и на роденденска забава на 1 мај кога му рекол на славеникот дека ќе му го донесе подарокот на училиште в среда, 3 мај, денот кога момчето избрало да го спроведе својот смртоносен план.
Со оружјето на својот татко уби осуммина врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“.
Еден негов другар, кој виде и слушна сè, но успеа да се спаси, положи цвеќе пред училиштето, кое за неколку минути стана сцена на најнеочекуваниот криминален момент.
„Беше крај на првиот час, околу 8.35 часот. Слушнавме истрели, но првин помисливме дека масите се превртеле бидејќи беше погласно од петарди. Сè се случи бргу, сфативме дури кога еден од нашите професори влезе со викање во училницата: „Пукаат, бегај, бегај!!! Нашиот учител нè спаси. Додека си одев, погледнав низ прозорецот и го видов Коста во дворот. Тогаш не сфатив дека е убиец, дознав подоцна“, рекол школскиот другар на Коста, цитиран од францускиот весник „Ле Соар“.
Тој раскажа за врската со Коста К.
„Ние сме долго време пријатели. Се гледавме и надвор од училиштето. Со часови игравме видеоигри, особено Fortnite, но игравме и фудбал во паркот ‘Ташмајдан’“, објаснува тој.
Коста го опиша дека бил мирен, љубезен и малку интровертен.
„Тој е човек што ги чува своите работи за себе. Дури и кога ќе го натерате да игра фудбал, тој се држи настрана. Има многу малку пријатели“, објасни другарот.
Како што вели, децата му велеле дека е бубалица, но тврди дека масакрот не е поврзан со лоша оценка во училиште.
„Никогаш не добива лоши оценки“, вели тој.
Понатаму, наведува дека Коста пукал и во својот другар кому не му донел роденденски подарок два дена пред масакрот.
„Му рече: Ќе добиеш подарок в среда на училиште“, вели тој.
Меѓутоа, како што раскажува пријателот на Коста, момчето успеало да се спаси скокајќи од прозорецот.
Коста К. (13) на 3 мај изврши невиден масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ кога вооружен со пиштолот на својот татко влезе во училиштето и уби осум ученици и училишниот чувар и рани уште шест ученици и наставничката по историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.