Контакт

Европа

Норвешки и дански училишта добија симултани закани за бомби

Објавено пред

 

Неколку училишта во Норвешка и едно во Данска, во среда, речиси во исто време добија закани за поставени бомби, при што повеќето биле евакуирани.

Првото норвешко основно училиште кое примило повик со закана за поставена бомба во 9,15 часот се наоѓа на југот од земјата, при што 400 деца биле евакуирани.

Сличен повик добило и основно училиште во Трондхејм, во 9.24 часот, потоа во 9,26 некој се заканил во училиште во Берген, а малку подоцна и во основно училште во Агдер. Со исклучок на училиштето во Трондхејм, сите други биле евакуирани.

Во меѓувреме, училиште во Вајле на североистокот од Данска, исто така, примило заканувачки повик дека има поставено бомба.

Сé уште не се знае дали повиците се поврзани. Сепак, повикот во Данска е направен од човек кој зборува англиски јазик, а според данскиот национален сервис TV2, веројатно пораката била снимена и пуштена, затоа што кога секретарката препрашала за каква бомба станува збор, пораката само продолжила.

Исто како и норвешките, и данското училиште било евакуирано според процедурите за такви ситуации.

Антибомбашките единици и полициски кучиња обучени да најдат бомби ги пребарале училиштата и се работи за лажна дојава.

Полицијата потврдува дека работат на откривање на човекот кој се јавил и претпоставуват дека се работи за ист сторител./крај/мф/бб

Најново

Спорт8 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт8 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт8 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава9 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет10 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет11 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија11 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион12 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет12 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...