Европа
Обама: Заканата од Путин отсекогаш постоела

Поранешниот американски претседател Барак Обама оцени дека заканата од рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш постоела, тврдејќи дека непромислениот начин на Путин да ја нападне Украина не би се очекувал пред десет години.
„Тој отсекогаш бил некој кој е опкружен со ова изопачено искривено чувство на тага и етнички национализам, мислам дека дел од Путин отсекогаш бил таму. Она што го видовме со инвазијата на Украина беше непромислен начин кој можеби не би го очекувале пред осум или десет години, но опасноста беше секогаш тука“, изјавил Обама, пренесе „Гардијан“.
Прашан дали денеска ќе се однесуваше поинаку отколку кога беше на власт во случајот, на пример, со анексијата на Крим во 2014 година, Обама одби директно да одговори.
Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се обврземе и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.