Европа
„Ова е геноцид, а не војна“: моментот кога жена дознала дека ги изгубила ќерката и внуката во руското гранатирање

Во воздушен напад врз Киев во четвртокот утрото загинаа три лица, меѓу кои две деца, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Деснијан“, објави воената управа на Киев на „Телеграм“, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението се додава дека две деца помеѓу пет и шест и 12 и 13 години се меѓу загинатите во областа Деснијан.
„Според првичните информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети“, напиша Кличко на „Телеграм“.
Фоторепортерите снимиле постара жена како се приближува до местото каде што паднала руска ракета и каде што на земја лежеле безживотни тела. Набргу старицата сфатила дека тоа се ќерка ѝ и внука ѝ.
„Ова не е војна, ова е геноцид! На луѓето им е доста, тие се лути. Ова е чист геноцид врз Украина и украинскиот народ од Русија“, рече Виталиј Кличко.
Рано утрото руски проектили погодија градинка и три училишта, а детонации ја потресоа метрополата само четири минути по вклучувањето на сирените.
„Видовте сè. Руската политика е терористичка политика“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: погодено седиштето на Црноморската флота

Денеска, се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше присоединет од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште, каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е цел на украински воени беспилотни летала и крстосувачки ракети. Според фотографиите и видеата што денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде што често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на „Твитер“, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер, Михаил Развозаев.
Европа
Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.
Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.
Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.
Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од приближно 45 години.
Шведска во последните години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.
Европа
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.
„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.
Песков рече дека Владимир Путин набргу ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизира конкретен датум, пишува „Гардијан’.
Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.
Песков сугерира дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку им наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.