Контакт

Европа

Се договара средба помеѓу Путин и Зеленски

Објавено пред

Денес е 22-от ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

  • Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба изјави дека преговара со Турција за можна организација на средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володомир Зеленски и Владимир Путин
  • Зеленски денеска се обрати пред германскиот парламент
  • Министрите за надворешни работи на Г7 денеска разговараат за Украина
  • Проектил погодил станбена зграда во Киев
  • „Билд“ пишува дека Лавров полетал за Кина, но за кратко се вратил во Москва. Русија негира

Од минута во минута:

18:50 Руски началник: Украинските биолаборатории ja уништуваат документацијатa за опасните вируси

Украинските биолаборатории продолжуваат да уништуваат биолошки материјал и документација за истражување на опасните вируси, изјави рускиот началник Игор Кирилов.

17:30 Украина бара Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побарал од Турција да биде еден од гарантите за можниот договор со Русија, изјавил неговиот колега Мевлут Чавушоглу по посетата на западна Украина, пренесуваат медиумите.

16:30 Зеленски номиниран за Нобеловата награда за мир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е номиниран за Нобеловата награда за мир. Ова го соопшти Врховната Рада, пренесуваат медиумите.

16:25 Јапонски медиуми: Украина бара од јапонската влада сателитски снимки за позициите на руската армија

Украина бара од Јапонија висококвалитетни сателитски снимки за да и помогнат да се одбрани од руската армија, објави денеска јапонскиот весник „Никеи“.

16:10 Советникот на Зеленски: Усогласувањето на спорните точки со Москва ќе трае и до една недела

Михаил Подољак, советник на кабинетот на претседателот на Украина, ги објави условите за мировен договор меѓу Русија и Украина. Според него, тоа може да потрае од неколку дена до недела и половина, пренесуваат агенциите.

16:00 Шварценегер: Путин, те молам стави крај на војната

„Го сакам рускиот народ. И затоа морам да ви ја кажам вистината“, напиша актерот во описот на видеото.

15:35 Британија: Постојат убедливи докази дека Путин стои зад воени злосторства во Украина

Министерката за надворешни работи, Лиз Трас, за радио Би-би-си изјави: „Постојат многу, многу убедливи докази дека во Украина се извршени воени злосторства и дека зад нив стои Владимир Путин“.

15:31 Велика Британија испраќа ракети и војници во Полска

„Велика Британија ќе распореди противракетен одбранбен систем во Полска, како одговор на руската инвазија на Украина“, изјави министерот за одбрана Бен Валас.

За време на посетата на полската престолнина Варшава, Валас изјави дека Велика Британија ќе испрати противвоздушен ракетен систем со среден дострел и околу 100 војници во Полска.

15:24 Се разговара за средбата меѓу Путин и Зеленски

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба изјави дека преговара со Турција за можна организација на средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володомир Зеленски и Владимир Путин, пренесува „Скај њуз“.

14:30 Бајден утре ќе разговара со кинескиот претседател за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден утре телефонски ќе разговара со кинескиот колега Си Џинпинг за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.

14:05 Владата ќе одвои 120 милиони денари за сместување и помагање на бегалците од Украина

Владата на денешната 30-та седница го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.

13.45 Лиз Трас: Има доказ дека Путин е „воен злосторник“

Министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас денеска изјави дека има „многу силни докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“.

13.40 Лукашенко: Ако Украина продолжи да провоцира, Минск ќе одговори

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко зборуваше за развојот на операцијата во Украина и рече дека се надева на наскоро мир

13.30 Песков: Во такви тешки времиња, многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице

Откако рускиот претседател Владимир Путин упати остро предупредување до руските „предавници“ за кои рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за да ја уништи земјата, се огласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

13:25 Бајден ќе разговара со кинескиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за ситуацијата во Украина.

„Ова е дел од нашите напори да ги задржиме отворени линиите на комуникација меѓу САД и Кина“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

13:20 Москва ја отфрли одлуката на судот на ОН за итно прекинување на инвазијата на Украина

Кремљ денеска ја отфрли пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на ОН, со која се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина.

13:10 Одговорот на Кина до НАТО: А кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија?

„Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија. Не и’ требаат предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право“, се наведува на веб-страницата на кинеската мисија во Обединетите нации, пренесува „Спутник“.

13:00 Играчки на полско-украинската граница за децата кои бегаат од војната

12.25 Заврши полицискиот час во Киев кој беше воведен поради нападот на руските сили

Полицискиот час кој траеше 36 часа заврши денеска во Киев поради нападот на руските сили врз неколку цивилни објекти во главниот град на Украина

12.20 Марија Захарова: Лажни наводи на „Билд“ за патувањето на Лавров во Пекинг

Марија Захарова изјави дека се лага наводите на „Билд“ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се вратил во Москва на половина пат до Пекинг

12.15 Песков: Русија и Украина не се блиску до потпишување на договорот

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не планира патување во зоната на операција во Украина.

12:11 Русија: Владините сајтови се соочуваат со хакерски напади какви што се невидени досега

„Страниците на руските министерства, агенции и државни компании беа цел на хакери поради настаните во Украина, а веб-страниците на Кремљ, водечкиот превозник ‘Аерофлот’ и главниот заемодавач ‘Сбербанк’ се меѓу оние со прекини или привремени проблеми со пристапот во последните недели“, соопшти руското Министерство за дигитални технологии, наведувајќи дека работи на прилагодување на овие нови услови, на поголеми и посилни сајбер-напади.

11:50 (Видео) Украинец фатен во обид да побегне од државата, се скрил во кутијата за играчки на децата

„Како што се испостави, сопругата се обидела да го пренесе таткото на нејзините деца преку границата. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не им е дозволено да заминат“, извести украинската гранична служба.

11:07 Зеленски ги искритикува германските пратеници: Помошта дојде предоцна за да се запре војната

Во својот говор тој ја употреби фразата „никогаш повеќе“, која се поврзува со Холокаустот и другите геноциди.

„Политичарите секоја година велат ‘никогаш повеќе’. Сега гледам дека овие зборови се безвредни. Во Европа се уништува народ. Зошто ‘никогаш повеќе’ не важи? Која е историската одговорност на Германија кон Украина денес?“, запраша Зеленски.

10.50 Украинците објавија дека во борбите во Доњецк загинала мајка на 12 деца
Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека 48-годишната Олга Семидјанова била убиена во борбите со руските сили во областа Доњецк.

10.40 Медведев: Западот нема да успее да ја превоспита Русија

Медведев денеска ја објави првата порака на социјалната мрежа Телеграм, во која ја осудува русофобијата на Западот, обвинувајќи ја за дополнително влошување на односите

10:02 ТВ обраќање на Путин: Прозападните Руси се национални предавници

„Западот ќе се обиде да се потпре на т.н. петта колона, на националните предавници, на тие што овде кај нас заработуваат, а живеат таму. Не мислам само дека тие ‘живеат таму’ во буквална, географска смисла на зборот, туку според нивните размислувања, нивната ропска свест“, рече рускиот претседател.

10.00 (Видео) Зеленски се обрати пред германскиот парламент: Повторно имаме ѕид во Европа но не е Берлинскиот

Ѕидот се враќа среде Европа, со секоја фрлена бомба врз Украина, со секоја неодлучна одлука за мир – рече Зеленски

09.50 Кина застана на страната на Украина?

Кина никогаш нема да ја нападне Украина, изјави кинескиот амбасадор во Украина Фан Ксијанронг за време на средбата со гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки.

09.40 (Видео) Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно зборуваше по повод инвазијата на Украина и со јавноста сподели актуелни информации од фронтови низ целата земја

09.30 Гутереш: Повеќе од 3 милиони Украинци ги напуштија своите домови

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на својот официјален профил на Твитер напиша дека повеќе од 3 милиони украински бегалци ја напуштиле својата татковина

09.20 Резников: Кремљ е колективниот Хитлер на 21 век

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Кремљ по неуспехот на тактиката на „Блицкриг“ премина на тактиката на терор, масовни убиства на цивили, уништување и бруталност.

09.15 Украинците им оставиле богат плен на Русите – сето ова е заробено без борба

Единиците на вооружените сили на Украина продолжуваат да паничат додека армиите на Русија и Народна Република Донбас напредуваат.

09.10 Русите објавија видео – Бајден нареди бомбардирање на Белград

Портпаролката на руското МНР Марија Захаровa објави видео од состаноците на Комитетот за надворешни работи на Сенатот во 1998 година.

08.55 Министрите за надворешни работи на Г7 денеска разговараат за Украина

Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за ситуацијата во Украина, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи

08.45 Зеленски денеска ќе се обрати пред германскиот парламент
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати на германските пратеници, во последен обид да ги охрабри креаторите на политиката во западните демократии во врска со војната во Украина.

08.40 Захарова: Ние не сме вреќа за тепање – сами си создавате проблеми

Земјите кои снабдуваат оружје за Украина, вклучително и планот на Словачка, си создаваат проблеми, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

08.35 Руските сили во окупираниот град употребија солзавец врз демонстрантите

Руските сили употребија солзавец врз украинските демонстранти во градот Скадовск, окупиран од Русија.

08.30 Орбан: Следната недела очекуваме поголем бегалски бран од Украина
Премиерот Виктор Орбан во видео обраќање на Фејсбук истакна дека Унгарија очекува поголем бран бегалци од Украина

08.25 Британците објавија нова информација: Русите се запрени насекаде

Британското Министерство за одбрана во најновото соопштение известува дека руската офанзива во Украина е запрена на сите фронтови, пренесува Би-би-си.

08.20 Проектил погодил станбена зграда во Киев
Најмалку едно лице загина, а три се повредени откако остатоците од соборениот проектил погодиле станбена зграда во Киев, соопшти украинската служба за итни случаи.

08.15 Лавров полета за Кина, авионот се сврте на половина пат и се врати во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров отпатува за Кина за да го посети својот важен сојузник

08.10 Хуманитарна катастрофа во Мариупол

Мариупол со денови е под опсада и жестоко бомбардирање. Се проценува дека повеќе од 30.000 луѓе веќе го напуштиле градот

08.00 Зеленски: Приоритетите на Украина во преговорите се апсолутно јасни

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново обраќање на својата Фејсбук страница

Европа

Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.

„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот

Објавено пред

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.

dobivaj vesti na viber

Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.

Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.

Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки

Објавено пред

Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.

„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.

Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.

Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет5 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет6 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија8 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија10 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет10 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет11 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет12 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет12 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет13 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет16 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија18 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет20 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет21 час

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...