Контакт

Свет

ОН го обвинија Израел: Можеби систематски го крши меѓународното право во Газа

Објавено пред

Израелските сили може често да го прекршуваат меѓународното хуманитарно право и да не прават разлика меѓу цивили и борци во конфликтот во Појасот Газа, обвини Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Освен тоа, шефот на истрагата на ОН ја обвини израелската армија дека извршила „истребување“ на Палестинците.

Во извештајот за шест смртоносни израелски напади, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН рече дека израелските сили „можеби систематски ги кршат принципите на разликување, пропорционалност и мерки на претпазливост при нападот“.

„Се чини дека израелската кампања за бомбардирање постојано ја нарушува обврската да се изберат средства и методи на војување со кои се избегнува или барем минимизира штетата на цивилите колку што е можно повеќе“, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Постојаната мисија на Израел во ОН во Женева ја окарактеризира таа анализа како „фактички, законски и методолошки погрешна“.

Регион

Извлечено тело на Кинез кој падна при изградба на мост во Дунав кај Нови Сад

Објавено пред

На градилиште на мост во Нови Сад загина кинески работник околу 9 часот и 19 минути. Вработен во кинеска компанија кој бил задолжен за безбедноста на градилиштето ја известил полицијата дека Ј.П.П.(20) се лизнал и паднал во оградена шахта полна со вода, каде требало да се подигне столб од мост и дека не испливал.

dobivaj vesti na viber

Непосредно пред тој повик, полицијата добила повик и од градилиште од работник од Кина кој бил сведок на несреќата.

На терен веднаш се испратени полициски патроли и пожарникари. Припадниците на нуркачкиот тим на полицијата го извлекле телото во 13 часот и 52 минути, пишува Телеграф.

Прикажи повеќе...

Свет

Лидерот на Хезболах се закани: „Ќе бомбардираме нови цели ако Израел продолжи да убива цивили“

Објавено пред

Лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, денеска изјави дека Хезболах ќе погоди нови цели во Израел доколку вооружените сили на земјата продолжат да убиваат цивили во Либан.

dobivaj vesti na viber

„Продолжувањето на бомбардирањето на цивилите ќе го поттикне Отпорот да лансира ракети кон населени места, кои претходно не биле цел“, рече Насрала истакнувајќи го зголемувањето на бројот на цивили убиени во Либан во последните денови, пренесе „Ројтерс“.

Пет цивили, меѓу кои три деца, загинаа во вчерашните израелски напади во Либан, а најмалку тројца либански цивили беа убиени еден ден претходно, соопштија државните медиуми и безбедносните извори.

Израел и Хезболах, поддржан од Иран, разменија оган откако групата објави фронт за поддршка за Палестинците набргу откако нејзиниот сојузник Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Групите во регионот усогласени со Иран, вклучително и шиитските вооружени фракции во Сирија и Ирак и јеменските Хути, исто така го напаѓаат Израел од 7 октомври.

Според „Ројтерс“, во борбите во Либан загинале повеќе од 100 цивили и повеќе од 300 борци на Хезболах.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран негира дека планирал да го убие Трамп, но најавува тужба против него

Објавено пред

Иран го отфрли обвинението дека прави заговор да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави денеска државната новинска агенција ИРНА.

dobivaj vesti na viber

„Иран силно отфрла каква било вмешаност во неодамнешниот вооружен напад врз Трамп и наводите за иранска намера за таква акција“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.

Тој сепак додаде дека Иран ќе поднесе тужба против Трамп „поради неговата директна вмешаност“ во убиството на генералот Касем Сулејмани.

Сулејмани беше командант на силите Кудс на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда и беше убиен во напад со беспилотно летало во Багдад во јануари 2020 година. Пред обидот за атентат врз Доналд Трамп на предизборниот митинг во саботата се појавија информации дека Иран планира да го убие. Сепак, американските власти тврдат дека обидот за атентат и наводните ирански закани не се поврзани.

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, вчера ги оцени обвинувањата против Техеран како „неосновани“ и „политички мотивирани“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија2 часа

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија2 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија3 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија6 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија7 часа

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија8 часа

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет9 часа

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет9 часа

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија9 часа

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура9 часа

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија1 ден

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...

Македонија1 ден

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје: „Кратко тресење и гласен краток звук“

Во 14.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, извести ЕМСЦ. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 40 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt...

Македонија1 ден

Таравари за тримесечното бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата што треба да го расветли случајот...

Македонија1 ден

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија1 ден

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за другите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје1 ден

„Главниот град се задушува во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 ден

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија1 ден

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...