Свет
„Отворена политичка провокација“: германската министерка го нарече Шји диктатор, Кина остро одговори

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг го изрази своето силно незадоволство од Германија.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која го нарече кинескиот претседател Шји Џјинпинг „диктатор“, е „апсурдна“ и претставува „отворена политичка провокација“, пренесуваат медиумите во регионот.
Бербок ова го изјавила во интервју за „Фокс њуз“ минатата недела на прашањето за руската војна во Украина.
„Ако Путин победи во оваа војна, каков сигнал би бил тоа за другите диктатори во светот, како што е Шји, кинескиот претседател“, рече таа.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека изјавите на Бербок се „крајно апсурдни“ и го навредуваат политичкото достоинство на Кина, пренесува Ројтерс.
„Тоа е отворена политичка провокација“, рече Мао на прес-конференцијата и додаде дека Кина во таа прилика изрази сериозно незадоволство од Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина

Американските тенкови Амбрас пристигнаа во Украина, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Добри вести од министерот за одбрана Умеров. Тенковите Абрамс веќе се во Украина и се подготвуваат да ги засилат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови од типот Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.
Украинскиот претседател минатата недела објави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.
Свет
(Видео) Кадиров објави снимка од неговиот син како го тепа човекот кој го запали Куранот

Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и еден од најблиските соработници на Путин на неговиот канал објави нова снимка. Според Некста, на неа е неговиот син Адам. На видеото го тепа Никита Журалев, човекот обвинет за палење на Куранот, пренесува Индекс.
Ramzan Kadyrov published a video of his son Adam beating Nikita Zhuravel, who was accused of burning the Koran, in a pre-trial detention center.
“There are still disputes online about the fact of Adam Kadyrov’s beating of Holy Quran burner Nikita Zhuravel, an accomplice of the… pic.twitter.com/MfAEn84OHd
— NEXTA (@nexta_tv) September 25, 2023
„На интернет сè уште има спорови за тоа дека Адам Кадиров го претепа Никита Журавел. Дали е ова вистина или не? Го претепа и ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што навредува било кое Писмо треба да биде строго казнет, вклучително и оние кои демонстративно го палат. Нашата земја има единствен закон кој ги штити верските вредности и тие се заштитени од државата на највисоко ниво“, напиша Кадиров на својот канал Телеграм.
„Без претерување, да, горд сум на чинот на Адам“, додаде Кадиров.
Тој минатата среда ги негираше гласините дека умира. Видеото е објавено на официјалниот канал на чеченскиот лидер.
„Фала му на семоќниот Бог, жив сум и здрав и воопшто не разбирам зошто треба да има врева за тоа дури и ако сум болен?“ се наведува во објавата која наводно ја напишал самиот Кадиров.
Свет
(Видео) Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома, изгледаше како да пукнала нуклеарна бомба

Небото над градот Норман во американската сојузна држава Оклахома во неделата поради облаците донесени од силна бура изгледаше како да експлодирала нуклеарна бомба.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци кои се движат нагоре низ облакот стратус, создавајќи илузија на печурка.
Stunning storm structure seen from Norman, OK yesterday! This same cell produced larger than baseball size hail in Seminole county!#okwx pic.twitter.com/VhYPkLxrEM
— WeatherNation (@WeatherNation) September 24, 2023
„Истата шема на облаци во саботата вечерта донесе големи невреме со град во округот Семинол во централна Оклахома. Паѓаше силен град со големина на топче за голф, ги кршеше стаклата на автомобилите, струја снема, но за среќа, потенцијалот за торнада беше мал“, објавија метеоролозите.