Европа
Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на германскиот суд во Бон, а малку подалеку торзо

Отсечена човечка глава била пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон.
Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред влезот на судот, изјави портпаролот на полицијата.
„Набргу потоа дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој.
Торзо, за кое се верува дека е од истото тело, е пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда „Алтер Зол“.
Местата каде што се пронајдени деловите од телото биле оддалечени околу еден километар, јавуваат тамошните медиуми.
Во близина бил приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека 38-годишен маж, кој се поврзува со настанот, им е познат поради претходна употреба на наркотици.
Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници, соопшти полицијата.
До вторникот вечерта не било пронајдено оружје. Инспекторите сè уште трагаат по сведоци, пишуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пелоси: „Посетата на Тајван беше апсолутно корисна“

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјавила дека нејзината посета на Тајван била апсолутно корисна.
Таа додала дека САД не можр да дозволат Кина да го изолира островот.
„Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван“, рекла Пелоси во интервју за Ен-би-си, а пренесе „Ројтерс“. Таа додала дека кинеската влада нема да определи кој може да оди на Тајван.
Пелоси направи кратка и ненајавена посета на Тајван на 3 август, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во тајванската теснина.
Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Тајван од 1997 година.
Европа
Прв случај на мајмунски сипаници кај дете во Германија

Прв случај на мајмунски сипаници е откриен кај дете во Германија. Досега во таа земја се регистрирани повеќе од 2.900 случаи на мајмунски сипаници.
Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“ соопшти дека е заразено четиригодишно девојче од градот Форхајм на југозападот на Германија.
Девојчето, кое живее во заедничко домаќинство со двајца заразени, засега нема никакви симптоми. Болеста била откриена при преглед кога му зеле брис од грлото. Девојчето немало контакт со никој надвор од нејзиното домаќинство.
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден во Германија пред неполни три месеци, а од тогаш се регистрирани над 2.900. Повеќето од заразените се мажи, а само седум се жени.
Институтот „Роберт Кох“ нагласи дека според досегашните сознанија вирусот се пренесува преку близок контакт, главно при сексуален однос. Според нив, повеќето од заразените немаат тежок тек на болеста.
Во почетокот на мај мајмунските сипаници почнаа да се шират во светот од земјите од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.
Најмногу нови случаи на инфекција се регистрирани во Западна Европа. Според Светската здравствена организација, само неколку деца се заразени во светот.
Европа
Премиерката на Естонија: Треба да престанеме да им даваме визи на Русите

Каја Калас, премиерката на Естонија, ги повика европските земји да престанат да издаваат туристички визи за Русите поради инвазијата на Украина, пишуваат медиумите во светот.
„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право. Авиосообраќајот од Русија е затворен. Тоа значи дека додека членовите на шенген-зоната издаваат визи за руските граѓани, соседите на Русија го носат товарот. Време е да се запре туризмот од Русија“, напишала Калас на „Твитер“.