Контакт

Европа

Папата Франциско: Насилството врз жените е навреда за Бога

Објавено пред

Папата Франциско го искористи новогодишното обраќање за да повика на прекин на насилството врз жените и рече дека тоа е навреда за Бога.

Папата служеше миса во базиликата Свети Петар на денот кога Римокатоличката црква го слави празникот Света Богородица, јавува Ројтерс.

Тој својата новогодишна проповед ја фокусираше на темите за мајчинството и жената и рече дека тие се оние кои ги држат конците во животот.

Папата ја искористи приликата да упати еден од своите најсилни повици да се стави крај на насилството врз нив.

„Бидејќи мајките ги даваат своите животи, а жените го одржуваат светот заедно, ајде сите да вложиме поголеми напори да го промовираме мајчинството и да ги заштитиме жените. Колку насилство е насочено врз жените! Доволно! Да се ​​повреди жена значи да се навредува Бог“, рече Папата.

Откако започна пандемијата на Ковид-19 пред речиси две години, Папата неколкупати се изјасни против семејното насилство, кое се зголеми во многу земји поради изолацијата, кога многу жени беа оставени од насилниците.

Се чинеше дека Папата е во добра здравствена состојба по необјаснивиот инцидент на новогодишната ноќ кога присуствуваше на богослужбата, но мисата не ја водеше во последен момент, како што се очекуваше, анализираат медиумите.

На почетокот на мисата денеска тој ја прошета целата должина на централниот коридор на базиликата, за разлика од петокот вечерта, кога гледаше од страна.

Папата Франциско боледува од ишијас, што предизвикува болки во нозете, а понекогаш нападот го спречува да стои подолго време, јавува Ројтерс.

Европа

Украина се вооружува со американски противтенковски и противвоздушни ракети

Објавено пред

Членките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија ќе ѝ достават на Украина противтенковски и противвоздушни ракети од американско производство, соопштија министрите за одбрана на овие земји во заедничка изјава.

„Естонија, Летонија и Литванија и нивните сојузници работат заедно за брзо предавање на безбедносната помош на Украина“, се вели во соопштението. Естонија ќе испрати противтенковски ракети „џавелин“, а Летонија и Литванија ќе испратат противвоздушни ракети „стингер“.

Стејт департментот на САД им дозволи на Литванија, Летонија и Естонија да испратат американски проектили и друго оружје во Украина, изјавиле во средата три извори запознаени со одлуката, откако американскиот претседател Џо Бајден прогнозираше дека Русија ќе тргне на Украина.

Западните земји стравуваат дека Москва планира нов напад врз Украина, по оној од 2014 година кога беше извршена анексија на Крим.

Русија го негира ова, но вели дека би можела да преземе неодредена воена акција доколку не се исполнат нејзините безбедносни барања, вклучително и ветувањето дека Украина никогаш нема да може да се приклучи на НАТО.

Прикажи повеќе...

Европа

Ирска од утре ќе ги укине речиси сите ковид-рестрикции

Објавено пред

Ирска од утре ќе ги укине речиси сите ограничувања во однос на Ковид-19, вклучително и мерките кои се однесуваат на угостителскиот сектор, ограничувања на спортските настани и барањата за доказ за вакцинација при влез во затворени простории, изјави денеска министерката за правда, Хелен Мекинти.

Владата ќе ја задржи обврската за носење маски во јавниот превоз и продавниците до крајот на февруари, како и некои мерки во училиштата, рече Мекинти во видео објавено на „Инстаграм“ по седницата на ирската влада, пренесе „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уставниот суд на Франција ги одобри потврдите за вакцинација

Објавено пред

Уставниот суд на Франција денеска ги одобри повеќето одредби од спорниот закон со кој се воведува потврда за вакцинација со цел заштита на јавното здравје во време на пандемија.

Собранието во неделата го усвои конечниот текст, а потврдата за вакцинација ќе се применува од понеделник, 24 јануари, како што најави премиерот Жан Кастекс.

Според новиот закон, сите лица на возраст над 16 години ќе треба да имаат потврда за вакцинација за да влезат во локали за забава, ресторани и барови, саеми и јавен превоз што ги поврзува провинциите.

Негативен тест повеќе нема да биде доволен, освен за влез во здравствени установи.

Сепак, цензурирана е можноста организаторите на политички собири да бараат санитарна пропусница од учесниците.

На повик од групата Непокорна Франција (радикална левица), шеесетина претставници на различни партии, како и сенатори од социјалистичката партија, побараа од Уставниот суд да ја оцени уставноста на предложениот закон бидејќи сметаат дека една одредба ги нарушува основните слободи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Топ2 часа

Се бара притвор за 22-годишниот возач, семафорите биле исклучени, а на пешачкиот налетал со голема брзина

Скопското основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд достави предлог за определување притвор за 22-годишниот возач кој вчера ја усмрти...

Македонија3 часа

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија3 часа

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија5 часа

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион5 часа

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет7 часа

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија9 часа

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ10 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија11 час

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет11 час

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија24 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија1 ден

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет1 ден

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет1 ден

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија1 ден

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија1 ден

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Досие