Контакт

Свет

(Видео) Парада во Лондон за роденденот на британскиот крал Чарлс Трети

Објавено пред

 Во Лондон денеска се одржува роденденска парада за Чарлс Трети и тоа е прва парада за новиот британски крал кој ја враќа традицијата со тоа што ќе помине покрај војници на коњи и во свечена униформа.

Кралицата Елизабета Втора, која почина во септември на 96-годишна возраст, од 1986 година не се појави на коњ за време на симболичниот настан.

Инаку, Чарлс Трети ќе наполни 75 години на 14 ноември, но роденденот на британскиот суверен се слави двапати, приватно на неговиот роденден и јавно во јуни.

Традицијата на парадата „Trooping the color“ (Поздрав за боите) датира од времето на владеењето на Џорџ Втори во 1748 година, кој иако е роден на 30 октомври, сакал да го искористи убавото време за да го прослави својот роденден.

На парадата годинава учествуваат околу 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

Објавено пред

Во говор на настан во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, поранешната кандидатка за претседателка на САД, Камала Харис изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го вовлекол Доналд Трамп во конфликт со Иран.

Таа ја нарече администрацијата на Трамп „најкорумпираната во историјата на САД“, пренесе Фокс њуз.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

Објавено пред

Една од клучните точки на несогласување меѓу САД и Иран се однесува на ураниумот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе го предаде својот збогатен ураниум, кој потоа ќе биде префрлен во САД. Сепак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран ја отфрли изјавата на американскиот претседател како „неприфатлива“.

Директорот на руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ изјави дека компанијата е подготвена да помогне во отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран. Алексеј Лихачов посочи дека „Росатом“ внимателно го следи напредокот на мировните преговори меѓу САД и Иран.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

Објавено пред

Бугарите денес излегуваат на осми парламентарни избори во последните пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев да победи, поттикната од ветувањата за борба против корупцијата. Најсиромашната членка на Европската Унија е во политичка криза од 2021 година, кога масовните антикорупциски протести ја урнаа конзервативната влада на долгогодишниот лидер Бојко Борисов.

Радев, поранешен генерал на воздухопловството кој се залага за обновување на врските со Русија и ја критикува воената помош за Украина, девет години беше претседател на државата. Во јануари се повлече од функцијата за да ја предводи новоформираната левоцентристичка групација „Прогресивна Бугарија“, а анкетите пред гласањето покажуваат дека блокот би можел да освои околу 35 проценти од гласовите, пишува „Индекс“.

Тој изјави дека сака да ја ослободи земјата од „олигархискиот модел на управување“ и ги поддржа антикорупциските протести кон крајот на 2025 година, кои доведоа до пад на владата поддржана од конзервативците.

Партијата ГЕРБ на Борисов, која ја водеше и последната влада, според анкетите би можела да заврши на второто место со околу 20 проценти од гласовите, пред либералната коалиција ПП-ДБ. Гласачките места беа отворени во 7 часот по локално време, а се затвораат во 20 часот.

„Целта на Радев е Бугарија да има иднина. Дојдовме до точка кога ја доведуваме во прашање самата иднина на сопствената земја“, изјави Лазар Лазаров, 28-годишен професор по филозофија, за АФП на последниот предизборен митинг на Радев во Софија.

„Радев се докажа како претседател и државник. Тој е најприфатлив за ЕУ, САД, Русија, па дури и за Кина“, додаде тој.

Радев остро ја критикува политиката на ЕУ за зелена енергија, која во „свет без правила“ ја смета за наивна, како и напорите на Бугарија да испраќа оружје во Украина, која се бори против руската инвазија од 2022 година, иако нагласи дека нема да користи вето за блокирање на одлуките на Брисел.

Залагајќи се за обновување на врските со Русија, тој го осуди и десетгодишниот одбранбен договор меѓу Софија и Киев, потпишан минатиот месец, што дополнително ги засили обвинувањата на противниците дека е премногу благ кон Москва.

Поранешниот претседател предизвика реакции и кога на митинг прикажуваше фотографии од средби со светски лидери, вклучително и со рускиот претседател Владимир Путин. На социјалните мрежи, проевропските гласачи масовно ги споделуваа тие снимки како доказ дека Радев стои на страната на Кремљ.

На самиот настан, во најголемата затворена арена во Бугарија, неговите поддржувачи го пречекаа со овации, кои тој ги прекина со воена команда „на место одмор!“, предизвикувајќи смеа кај публиката.

„Мораме да ги збиеме редовите“, рече тој пред околу 10.000 поддржувачи, претставувајќи ја својата партија како некорумпирана „алтернатива на перверзниот картел на старите партии“.

Борисов, кој речиси една деценија ја водеше земјата, ги отфрли тврдењата дека Радев носи нешто „ново“. На митинг на својата партија изјави дека ГЕРБ „ги остварил соништата од 1990-тите“, посочувајќи го влезот на земјата во еврозоната како пример.

Радев вети дека по изборите нема да влезе во коалиција со ГЕРБ, ниту со Делјан Пеевски, лидер на ДПС, кој е под санкции од САД и Велика Британија поради корупција. Наместо тоа, рече дека цели кон апсолутно мнозинство во парламентот од 240 пратеници.

Ниската доверба во политиката досега влијаеше на излезноста, која на изборите во 2024 година падна на 39 проценти. Сепак, со оглед на тоа што Радев успеа да мобилизира дел од гласачите, аналитичарката Борјана Димитрова од институтот „Алфа Рисрч“ очекува поголема излезност.

Политичките партии ги повикаа граѓаните да излезат на гласање и со тоа да го намалат влијанието на купувањето гласови. Во последните недели полицијата, во засилени акции, заплени повеќе од еден милион евра и приведе стотици лица, меѓу кои и локални советници и градоначалници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

СДСМ: Мицкоски намерно не праќа барање за екстрадиција на Груевски

Владата на Христијан Мицкоски намерно го одолговлекува процесот и се уште нема пратено барање за екстрадиција на избеганиот осуденик и...

Македонија26 минути

Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку...

Македонија1 час

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

СДСМ бара за најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување...

Свет2 часа

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

Во говор на настан во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, поранешната кандидатка за претседателка на САД, Камала Харис изјави...

Свет2 часа

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

Една од клучните точки на несогласување меѓу САД и Иран се однесува на ураниумот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека...

Регион2 часа

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

Бугарите денес излегуваат на осми парламентарни избори во последните пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев...

Свет2 часа

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут...

Свет2 часа

Иран: Сè уште сме далеку од конечен договор со САД

Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галбаф, изјави дека во преговорите со САД, кои се водат преку...

Македонија2 часа

И денес сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Времето денес сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен...