Свет
Пенс е уверен дека Трамп ќе ја добие битката за Врховниот суд
Американскиот потпретседател Мајк Пенс ги предупреди во саботата своите демократски противници против опструирањето во Конгресот за да го спречат потврдувањето на кандидатот на претседателот на САД Доналд Трамп за испразнетото место во Врховниот суд, тврдејќи дека шефот на државата во секој случај ќе победи.
Нил Горсач, кандидатот на претседателот Доналд Трамп е заговорник на смртната казна и жесток поборник на конзервативната Америка по прашањата врзани со семејството,религијата и абортусот.
Досега најмалку еден демократски сенатор најави дека ќе се обиде да ја блокира номинацијата на Горсач како одмазда за одлуката на Мич МекКонел,водач на сенатското мнозинство кој ги блокираше сите именувања на поранешниот демократски претседател Барак Обама на оваа должност која е доживотна.
Потпретседателот Мајк Пенс рече дека Горсач веќе се сретнал со 12 сенатори од двете партии, и оти е расположен да се сретне со сите 100 сенатори.
„Бидете сигурни, ќе работиме со челниците на Сенатот за судијата Горсач да добие потврда за својата номинација, на овој или на оној начин. Тоа место не ѝ припаѓа ниту на една партија,идеологија или интересна група“,порача потпретседателот Пенс.
Шефот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шамер веќе предупреди дека ќе бара новиот судија на Врховниот суд кој го кандидираше Трамп, Нил МекГил Горсач, 49-годишниот доктор по право и филозофија, да биде потврден со големо мнозинство од 60 од 100-те сенаторски гласови.
Имајќи предвид дека мнозинството на Републиканската партија е од 52 сенатора, тие во тој случај ќе мора да придобијат барем осум сенатори од Демократската партија. Доколку, пак, се случи блокада на изборот на Горсач, републиканците би можеле да ги променат правилата според коишто простото мнозинство би било доволно за потврда, а што го нарекуваат „нуклеарна опција“.
Претседателот Доналд Трамп го предложи Гросач за испразнетото место во Врховниот суд, кој брои девет суд, од февруари 2016 година кога почина Антонин Скали, кој важеше за контроверзен судија. Скали имаше пофални зборови за Горсач, кого го нарекуваше „лав на законот“. Како и Скали, и Горсач е познат по остриот стил на пишување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.