Свет
Повеќе од 100 Колумбијци уапсени во Ел Салвадор, нуделе кредити за да исперат пари
Полицијата во Салвадор уапси повеќе од стотина Колумбијци за наводна вмешаност во водење мрежа за измама со заеми, која перела пари од шверц на дрога и активности на банди, соопштија безбедносните власти. Според официјални лица, криминалната група наводно им давала заеми на поединци и мали бизниси со камата од 20 проценти користејќи незаконски стекнати средства.
Владата на претседателот Најиб Букеле зазеде строг став кон бандите од минатата година затворајќи околу 70.000 осомничени, што исто така доведе до голем пад на насилниот криминал. Борбата против бандите, која беше осудена од многу групи за човекови права, сепак му донесе на Букеле неверојатно високо ниво на поддршка пред неговата кандидатура за реизбор на почетокот на следната година.
„Колумбијците се наши браќа. Сепак, овие луѓе ќе мора да се соочат со салвадорската правда“, напиша Букеле вчера на „Твитер“.
Главниот државен обвинител Родолфо Делгадо на новинарите на прес-конференција им рече дека членовите на организацијата ќе ги заплашат жртвите, кога не може да ги вратат парите, да им ги дадат информациите за нивната банкарска сметка, кои потоа ги користеле за да ги префрлат парите во странство.
Околу 20 милиони долари поврзани со бандите за шверц на дрога се испратени преку мрежата во Колумбија од 2021 година, додаде Делгадо.
Колумбиското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во преговори со амбасадата и конзулатот во Ел Салвадор за апсењата, но не понуди дополнителни коментари за обвиненијата со кои се соочуваат колумбиските државјани. Во акцијата беа уапсени и тројца Салвадорци, еден Гватемаланец и еден Аргентинец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген
Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во полноправно членство во Шенген зоната за слободно движење, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.
Потегот на Австрија го отвора патот министрите за внатрешни работи на Европската унија да го одобрат потегот на состанокот во четврток, пренесува Ројтерс.
Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер наведува дека Австрија смета дека сега е време за понатамошни чекори во процесот на проширување на Шенген зоната и дека за ова прашање ќе се разговара на следниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.
Свет
Зеленски: Режимот на Асад падна затоа што Русија ги испрати сите свои војници во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска оцени дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад паднал бидејќи сите руски војници се префрлени во Украина, каде, како што рече, има речиси 800.000 и го повтори повикот за помош од западните партнери.
„Зошто ни е потребна помош и доверба од нашите партнери? Затоа што гледаме што е Украина и каква е војната во Украина. Гледаме дека режимот на Асад падна затоа што таму нема навистина моќни руски војници. Да бидеме искрени, сите беа префрлени во Украина. Речиси 800.000 руски војници се на територијата на Украина и тоа укажува дека армијата на оваа псевдо-империја се бори против украинскиот народ“, рече Зеленски на средбата во Киев со премиерот од Естонија, Кристен Михал, пренесе Укринформ.
Тој истакна дека земјите треба да разберат дека силата на Украина зависи од тоа дали армијата во Русија е силна и додаде дека „целиот успех на светот лежи во обединувањето околу Украина“.
Свет
Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства, соопшти денеска неговиот кабинет.
„Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Белта.
Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.