Свет
Повторно војна во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанските сили повторно започнале борбени дејствија во Нагорно-Карабах.
„ Азербејџанските сили на 12 декември ги обновија борбените дејствија во правец на населбите Стар Таглар и Хцеберд“ се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека војската на Нагорно-Карабах, во врска со тоа, ги презела сите неопходни чекори.
Засега не е познато дали има настрадани во борбите. Исто така, по ова прашање засега не се огласила азербејџанската страна.
Инаку, овие две места во Нагорно-Карабах се енклави и единствено тие не се под контрола на азербејџанската војска.
Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија постигнаа примирје на 10 ноември и тогаш во целост беа прекинати борбените дејствија. Во согласност со мировниот договор, кој беше потпишан во Москва, покрај прекинот на огнот, договорена беше и размена на заробеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 години ќе бидеме дури второпласирани во Европа, а во исто време ќе можеме да достигнеме дури петто место според стапката на вакцинација во светот, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
„ Пред нас се Велика Британија, Малта и Данска. Верувам дека за 48 часа, односно 72 часа, ќе ги претекнеме 2 и 3 и дека ќе бидеме втори. Верувам дека можеме да бидеме 5-то место во светот, сега сме на 9. Јас им честитам на граѓаните на Србија и на фактот дека се искачивме на височините во однос на економијата и заштитата на здравјето на нашите граѓани“ реч Вучиќ.
„ И денес имаме над 42.000 лица кои се вакцинирани. Речиси е невозможно да се набави вакцина. Потпишавме договор и добивме помалку вакцини, сè што добивме беше заради нашата снаодливост и затоа што се подготвивме однапред“ додаде Вучиќ.
Тој истакна дека имаат зачувани вакцини за ревакцинација и дека доколку ова темпо продолжи, вакцини „ имаме за уште седум, осум дена“.
„ Сите оние кои примиле или ќе примат, имаме зачувана вакцина за ревакцинација. Сигурен сум дека ќе обезбедиме уште една количина вакцини, една доза од 100.000 вакцини. Не можам да ви кажам ништо повеќе сега. Ќе продолжиме со тоа, се бориме со сè, чекаме одговор од Русија, проблемот е заради нив, тие имаа проблем во некои фабрики. Ќе го повикам и кинескиот премиер ако е потребно …“ нагласи Вучиќ.
Свет
Бајден му порача на претседателот на Мексико дека ќе ја смени американската имиграциска политика

САД планираат да направат пресврт во „драконскиот“ пристап на администрацијата на Трамп, кон имиграцијата и повеќе да се справат со причините за иселувањето, му рече американскиот претседател Џо Бајден на својот мексикански колега, соопшти Белата куќа.
Во телефонскиот разговор со Андрес Мануел Лопез Обрадор, Бајден го истакна неговиот план за создавање нови можности за легална имиграција и подобрување на процесот за барателите на азил, соопшти Белата куќа. Приоритет е „пресврт во драконската имиграциска политика на претходната администрација“, се вели во соопштението.
Двајцата водачи се согласија да соработуваат за да се намали „илегалната миграција“.
Мексико ќе игра голема улога во плановите на имиграционите реформи на Бајден. На почетокот на овој месец, Мексико помогна да се задржи голем караван мигранти што се упатуваат кон САД во Централна Америка.
Мексиканското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека започнало преговори со Вашингтон за регулатива во врска со ковид-19, потпишана од Бајден за воспоставување посилни здравствени протоколи за луѓето што влегуваат на територијата на САД.
Свет
(Видео) Шварценегер се вакцинираше против коронавирус од автомобил

Во САД масовно се спроведува вакцинацијата на населението против коронавирус. Со оглед на големиот број заразени но и смртни случаи вакцинирањето се спроведува исто како и тестирањето – и во автомобил.
Токму таков начин на вакцинирање, иако чекал со часови, избрал и познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.
„ Денес беше добар ден. Никогаш не сум бил посреќен да чекам во ред. Ако сте во состојба придружете ми се и пријавете се за вакцина. Дојдете со мене ако сакате да живеете“, напиша Шварценегер под видеото кое го постави на својот профил на Инстаграм.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот