Европа
Подољак со апел до западните партнери да испратат оружје: „Ако не сакате да гледате во очи на нашите починати деца“

Михаил Подољак, еден од членовите на украинскиот преговарачки тим и советник на претседателот Владимир Зеленски, упати уште еден апел до западните партнери да ѝ го испратат на неговата земја оружјето што ѝ е потребно за одбрана што е можно поскоро.
„Почитувани партнери, четири чекори ќе ви помогнат ако не сакате да ги видите очите на нашите мртви деца и да го мирисате горењето на Мариупол во вашите соништа. Првата е модерна воздушна одбрана, ако не можете да го затворите небото над Украина. Вториот е крстосувачки проектили или гранати, третиот е ембаргото за нафта кон Русија, а четвртиот е затворањето на пристаништата за руските бродови низ светот“, напиша Подољак на својот твитер-профил.
Dear partners! It takes 4 steps not to see our dead kids eyes or not to smell burned Maryupyl in your dreams. 1. Modern air defense, if you can’t close the sky 2. Cruise missiles or shells for heavy rockets 3. Tough oil embargo 4. Closed ports for Russian ships around the world
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 23, 2022
Од почетокот на војната на 24 февруари, Украина бара од членките на НАТО да го затворат небото над земјата. Сепак, лидерите на алијансата одбиваат да го сторат тоа, што неколкупати го критикуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Градот Мариупол, спомнат од Подољак, е под постојано гранатирање на руските војници. Мариупол е опкружен речиси од сите страни. Веќе неколку недели има недостиг од храна и вода, а жителите на секој можен начин се обидуваат да го напуштат градот.
Владимир Путин во неколку наврати ја посочува денацификацијата на земјата како една од главните цели на специјалната воена операција во Украина. Тоа објаснува зошто се води жестока битка за пристанишниот град Мариупол во јужна Украина, кој неодамна го одби барањето на Русија за предавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.
Европа
Уште двајца руски војници признаа вина за воени злосторства

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признале вина за прекршување на правилата на војната и утрово се појавиле на суд.
Тие се обвинети за гранатирање цивилни области во Украина со проектили ГРАД, пренесува хрватски „Индекс“.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
За потсетување, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.
Европа
Зеленски за руското ласерско оружје: Ако веќе е во Украина, тоа е знак за нивниот неуспех

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше новото ласерско оружје што Русија наводно веќе го користи во Украина.
„Тоа е знак за нивниот неуспех. Русите бараат ‘wunder-waffe’“, се осврна Зеленски на фразата што означува потрага по чудесно оружје што потенцијално би можело да го смени текот на Втората светска војна во корист на нацистите.
Реакцијата на Зеленски следи како одговор на тврдењето на руски функционер дека технологија која е способна за рушење дронови е веќе е широко распоредена на бојното поле.
Кремљ често покажува нови прототипови на технологија, но тие ретко можат да се видат на бојното поле. За потсетување, Русија вчера откри дека во Украина користи нова генерација на моќно ласерско оружје за горење на беспилотни летала.
Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за воен развој, на конференција во Москва рече дека ласерот „Пересвет“ веќе е на терен и може да ги заслепи сателитите до 1.500 километри над Земјата. Тој додаде дека веќе има помоќни руски системи од „Пересвет“, кои можат да спржат беспилотни летала и друга опрема. Борисов изјави дека вчера било извршено тестирање на оружје со кое дрон на пет километри оддалеченост бил испржен во рок од пет секунди.