Свет
Пожарите во Чернобил не влијаат врз нивото на радијација во Полска
Тековните пожари во зоната на исклученост на Чернобил во Украина не влијаат на состојбата со радијацијата во соседна Полска, вели Грегорж Свиц, заменик-директор на владиниот Центар за безбедност, пренесува „Спутник“.
„Тековните шумски пожари околу централата во Чернобил во Украина од 4 април не влијаеја на состојбата со тадијацијата во Полска“, напиша Свиц на „Твитер“ доцна во понеделникот.
Свиц рече дека нивото на радијација регистрирано од полските станици за откривање радиоактивна контаминација не отстапува од нормата и не укажува на појава на радиоактивни изотопи.
Стотици украински пожарникари и локални доброволци се вклучија во гаснењето на шумските пожари во напуштените региони околу местото на озлогласната нуклеарна катастрофа.
Но, од „Гринпис Русија“ претходно предупредија дека ситуацијата е многу полоша од што веруваат украинските власти и дека пожарите покриваат подрачје 1.000 пати поголемо од тоа што тврдат научниците, кои соопштија дека пламенот опфатил површина од 20 хектари, а „Гринпис“ се повика на сателитски снимки, кои покажуваат дека во тоа време била зафатена површина од речиси 12.000 хектари.
„Според сателитските снимки снимени денеска, површината на најголемиот пожар достигна 34.400 хектари“, соопштија од организацијата и додаваат дека вториот пожар, кој се простира на 12.600 хектари, бил оддалечен само еден километар од деактивираната нуклеарна централа.
Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека двата пожара се прошириле длабоко во забранетата зона. Пожарите избувнаа на 3 април во западниот дел на забранетата зона и се проширија на околните шуми.
Полицијата наведе дека е идентификуван 27-годишен локален жител кого го обвинуваат дека го подметнал пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

