Свет
Полицијата во Мексико цел ден собирала мртви тела наоѓајќи само глави или нозе од жени

Обезглавени и јагленосани трупови се пронајдени во Мексико по последниот судир на наркокартелот, во кој загинаа 15 луѓе.
Убиствата се случиле во неколку делови на Тихуана, а во јуни во овој мексикански град биле забележани 175 насилни смртни случаи.
Властите соопштија дека во раните утрински часови во неделата на 26 јуни пред станбен комплекс биле пронајдени две човечки глави, маж и жена. До главите е пронајдена страшна порака: „Ова е за сите к****, кои ја поддржуваат чумата во Плајас“.
Потоа во населбата Грањас Буенос Аирес, беше пријавено неидентификувано, полузакопано машко тело, во фаза на распаѓање.
Човечки останки, вклучувајќи женска глава, торзо и други делови од телото, биле пронајдени во торба, а во две пластични кутии оставени пред училиште имало тело на маж на возраст меѓу 65 и 70 години и две женски нозе.
Нешто подоцна било пронајдено и безживотно тело во состојба што полицијата не можела ни да го утврди полот. Телото било пронајдено во напуштено возило. Потоа стигнала дојава дека на влезот на една фабрика за врати е пронајдено јагленосано тело, а тело на жена и обезглавено тело на маж биле пронајдени во училиште за јавање.
Убиствата продолжија и во понеделникот кога Хорхе Алберто Сонора Караза беше убиен околу 8 часот наутро среде улица. Потоа стигна дојава дека е пронајдено уште едно тело.
Од почетокот на годината во овој дел на Мексико се регистрирани дури 1.241 случај на насилна смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Шпанија разбиена криминална група: Албанци и Кинези „испрале“ над 65 милиони евра од трговија со дрога

Шпанската национална полиција, со помош на Европол, уапси 27 лица за перење на повеќе од 65 милиони евра профит од трговија со дрога.
Криминалната мрежа била составена од албански и кинески државјани кои се занимавале со производство и трговија со дрога, како и со перење пари, се наведува во соопштението на Европол.
Мрежата оперирала преку нелегално правно лице преку кое вршела трансфери и прикрила големи суми пари од продажба на дрога, со кои се финансирале нови криминални операции.
При претрес на имотот на уапсените запленети се луксузни часовници и накит во вредност од над 400.000 евра, како и автомобили, телефони и 615.000 евра во кеш.
Истражителите веруваат дека криминалната мрежа испрала повеќе од 65 милиони евра за помалку од една година, од мај 2020 до март 2021 година.
Европа
Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.
Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.
Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.
Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од околу 45 години.
Шведска во последниве години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.
Европа
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.
„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.
Песков рече дека Владимир Путин наскоро ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизираше конкретен датум, пишува Гардијан.
Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.
Песков сугерираше дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.