Контакт

Европа

Поплави и снег на северот на Италија, прогласен црвен аларм

Објавено пред

Обилните дождови предизвикаа поплави во северна Италија во неделата, што предизвика црвен аларм во делови на Венето, Фурланија и во провинцијата Болзано.

За само неколку часа пожарникарите извршија повеќе од 400 итни интервенции во Венето.

„Поради опасност од свлечишта и лавини, ги повикувам сите да избегнуваат да одат во областа Белуно“, изјави гувернерот на регионот Венето, Лука Заиа, за агенцијата „Анса“.

Реката Панаро се излеа во Модена во Емилија-Ромања, па жителите на некои области беа евакуирани.

Жителите на тие зони беа повикани да се засолнат на повисоките катови на куќите, а засилувањата од противпожарната единица пристигнаа од Тоскана и Пиемонт.

Железничкиот сообраќај помеѓу Болзано и преминот Бренер на границата со Австрија, каде што паѓаше голем снег, беше во прекин поради опасност од лавини и паѓање камења и дрвја, а автопатот А22 меѓу Випитен и Бренер беше затворен.

 

Европа

ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Објавено пред

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија во моментот на ескалација на спорот околу недостигот на вакцини во Европската Унија.

Првата посета на претставниците на белгиската Федерална агенција за лекови заврши во средата во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Ено, соопшти белгиското Министерство за здравство. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот.

Истрагата беше побарана од извршното тело на ЕУ поради сомнежи во образложението на „Астразенека“ за очекуваниот недостиг на испораки на вакцини во ЕУ.

Англо-шведската компанија објави дека ќе може да испорача само околу 25 проценти од договорените 100 милиони дози на земјите членки на ЕУ во првиот квартал поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската компанија „Новасеп“. Вакцината на „Астразенека“ се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.

Европската комисија засега не се огласи и не потврди дека побарала истрага и зошто.

Белгиските власти соопштија дека сега ќе ги анализираат наодите во соработка со експерти од Холандија, Италија, Шпанија и други земји.

Портпаролката на белгиското Министерство за здравство изјави дека инспекцијата во фабриката „Астразенека“ во Сенефе е извршена со цел со сигурност да се утврди дека доцнењето во испораката навистина се должи на проблеми со производството во белгиската фабрика. Како што додаде таа, истрагата се води во целосна транспарентност.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија се појави дански вид на Ковид-19 кој полесно продира во организмот

Објавено пред

Британскиот и јужноафриканскиот вид коронавирус веќе подолго време ги плаши сите европски земји, а сега во Германија е идентификуван нов вид од Данска, за кој се тврди дека полесно го заобиколува одбранбениот систем на организмот.

Плашејќи се од ширење, данската влада ги уби сите визони во земјата во ноември, а видот се очекуваше да исчезне.

Сепак, два случаи на данскиот вид се идентификувани во Ансбах и Ној-Улм во Германија.

Според медиумите, лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид.

Засега е нејасно какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска.

Прикажи повеќе...

Европа

Инфлуенсерка обвинета за поттикнување самоубиство преку „Тик-ток“

Објавено пред

Италијанската полиција покрена обвиненија за поттикнување самоубиство против 46-годишна инфлуенсерка, по потекло од сицилијанскиот град Сиракуза, пишува интернет-весникот „Фанпејџ“.

Полицијата одговорила откако жената објавила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ во кое таа и уште едно лице ги „предизвикале“ корисниците да ги покријат носот и устата со самолеплива лента, како што направиле и тие двајцата, и со тоа да спречат да дишат па да видат кој може да издржи подолго.

Полицијата оцени дека овој потег е крајно опасен затоа што е достапен на најшироката публика, вклучително и за малолетници кои се големи корисници на мрежата „Тик-ток“.

Во една порака, малолетно момче му кажува на инфлуенсерот дека е подготвен да се фрли низ балконот ако таа го поздрави лично.

Јавното мислење во Италија минатата недела беше шокирано од смртта на десетгодишно девојче од Неапол, кое, учествувајќи во сличен „предизвик“, почина.

Откако полицијата изврши претрес во станот и го одзеде компјутерот на инфлуенсерката, откриени се десетици слични видеопредизвици, кои на жената и овозможија онлајн публика од 750.000 луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Ако „Телеграм“ не ја затвори групата „Јавна соба“ ќе го блокираме да не се користи во земјава

Испративме категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на...

Македонија3 часа

Се очекува британскиот вид на вирусот да стане доминантен во Македонија

Откако беше откриен првиот случај на британскиот вид на коронавирусот, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно...

Македонија4 часа

Транспаренси: Македонија најлошо рангирана досега во борбата против корупцијата

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси интернешнл открива дека корупцијата придонесува за уназадување...

Свет5 часа

Гејтс откри колку пари вложил во вакцините

Бил и Мелинда Гејтс објавија годишно писмо на својата веб-страница во кое зборуваа за можните последици од оваа и идните...

Свет5 часа

Француската армија заплени рекордни 4,2 тони кокаин спакувани во 177 пакети

Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските...

Свет5 часа

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот поранешен заменик заврши на улица....

Топ6 часа

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење...

Свет6 часа

По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за...

Свет7 часа

Белата куќа бара меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен...

Свет7 часа

„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на „Астразенека“ и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит сугерира...

Свет7 часа

Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката...

Регион8 часа

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00:28 часот во областа Петриња....

Македонија17 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет21 час

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет21 час

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија22 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија24 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија1 ден

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија1 ден

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија1 ден

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Досие