Контакт

Свет

Поранешниот австриски вицеканцелар Штрахе пред суд за примање мито

Објавено пред

Судскиот процес против поранешниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, кој е обвинет за примање мито, почна денеска пред покраинскиот суд во Виена.

На обвинителната клупа заедно со Штрахе е и Валтер Грумбилер, сопственик на приватна клиника во Виена, кој исто така е осомничен за мито.

Во коалициските преговори со Народната партија на Австрија (ОВП), Штрахе барал приватната клиника „Веринг“ да биде примена во фондот „Прикраф“. Болниците што се дел од овој фонд може да наплатат за одредени услуги преку здравствено осигурување, што носи големи дополнителни приходи.

За возврат, тврди Обвинителството, Грибмилер му дал 10.000 евра на ФПО за изборната кампања. Грумбилер исто така го наградил Штрахе за неговата посветеност повикувајќи го на одмор на Крф во 2018 година. Тој одмор, велат обвинетите, никогаш не се случил.

Обвинителството за борба против корупцијата и економскиот криминал го карактеризира како „купување на законот“.

Во случај на осуда обвинетиот се соочува со казни од половина до пет години затвор.

Адвокатот на Грумбилер изјави дека приемот на приватната клиника „Веринг“ во фондот е блокиран од Стопанската комора обвинувајќи дека во Австрија постои коруптивен систем.

Адвокатот на Штрахе, Јохан Пауер, изјави дека неговиот штитеник никогаш не прифатил мито.

Свет

Сингапур: Три четвртини од заразените во последниот месец биле вакцинирани

Објавено пред

Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во последните четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема сериозни случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци, додека кампањата за забрзана вакцинација продолжува.

Во Сингапур, со 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се скоро 75 проценти од населението. Според „Ројтерс“, се работи за втората земја по нивото на вакцинираност, веднаш зад Обединетите Арапски Емирати. Половина од населението во Сингапур е целосно вакцинирано.

Во последните 28 дена, земјата забележа 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30% од заразените биле делумно вакцинирани, а 25% од новите случаи не биле вакцинирани.

Имало само седум случаи со потешка форма на болест што барала третман со кислород; шест од нив не примиле вакцина, а едно лице било делумно вакцинирано, соопшти тамошното Министерство за здравство.

„Постојат докази дека вакцината придонесува за спречување на тешки форми на болеста“, нагласија од Министерството, додавајќи дека оние кои биле целосно вакцинирани и се заразиле или имале лесни симптоми или воопшто немаат.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

Објавено пред

Членките на Европската унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против ковид-19 на сиромашните земји, претежно „Астразенека“.

Документите покажуваат дека се донирани помалку од три проценти од 160 милиони дози што Унијата планира да ги сподели за да помогне во запирање на глобалната пандемија. Европската унија вети дека ќе помогне во вакцинирањето на најранливите луѓе ширум светот, но, како и другите богати земји, досега се фокусираше на купување дози на вакцини за сопствените граѓани, придонесувајќи за недостиг на вакцини во други земји, пренесува „Ројтерс“.

Членките на ЕУ имаат вкупно 365 милиони возрасни граѓани и досега добиле околу 500 милиони дози, а до крајот на септември годинава се очекуваат милијарда дози.

Сепак, до 13 јули ЕУ донираше помалку од четири милиони дози, според внатрешниот документ изготвен од Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора ги заострува мерките – се забранува работата на дискотеките и ноќните клубови

Објавено пред

Согласно претходните најави на црногорското Министерство за здравство, кое упорно повикуваше на почитување на пропишаните мерки и предупредувања, со напомена дека тие ќе бидат променети во случај на непочитување, од денес на сила ќе стапат нови рестрикции кои се најавени како привремени, објави „Вијести“ од Подгорица.

Од петок, 23 јули до понеделник, 2 август, привремено се забранува работата на ноќните клубови и дискотеки, и на отворено и на затворено.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

„Вијести“ дознава дека од 2 август, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.

Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и живата музика во летните градини на рестораните. Доколку продолжи трендот на прекршување на мерките, ќе се разгледа укинување на дозволите или дополнително ограничување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

Членките на Европската унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против ковид-19 на сиромашните земји, претежно „Астразенека“. Документите...

Европа2 часа

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирус може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави...

Спорт2 часа

Денеска официјално започнуваат 32. Олимписки игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Во Токио денеска во 13 часот по средноевропско време ќе бидат отворени 32. Олимписки игри кои е планирано да траат...

Топ2 часа

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна околу 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на...

Македонија3 часа

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Македонија13 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ14 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија17 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија21 час

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ23 часа

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ1 ден

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија1 ден

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион1 ден

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија2 дена

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ2 дена

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија2 дена

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Македонија2 дена

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на...

Македонија2 дена

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Досие