Свет
Портпаролот на Путин: Европа се распаѓа, историјата ќе се повтори
Европските земји би се изложиле на ризик доколку прифатат распоредување на американски ракети со долг дострел во нивните граници, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во видео објавено денеска.
На прашањето на новинарот на руската државна телевизија, за можноста САД да распоредат хиперсонични ракети во Европа, Песков одговори: „Имаме доволно потенцијал да ги одвратиме овие проектили, но главните градови на овие европски земји се потенцијални жртви“.
Песков исто така рече дека за време на Студената војна американските проектили стационирани во Европа биле насочени кон Русија, а руските во исто време биле насочени кон Европа, поради што земјите од Стариот континент биле главни цели на секој потенцијален конфликт.
„Европа сега се распаѓа. Ова не е најдобро време за Европа и затоа, вака или онака, историјата ќе се повтори“, рече Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.