Европа
Портпаролот на Турција открива кога може да дојде до средба меѓу Путин и Зеленски

Во блиска иднина е можна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски, изјави портпаролот на турскиот претседател.
„Има причина да се верува во тоа“, изјави портпаролот на Реџеп Таип Ердоган.
Инаку, Турција повеќепати изјави дека сака да посредува во решавањето на конфликтот во Украина, а вчера во Анталија се одржа првата средба на министрите за надворешни работи на Украина и Русија од почетокот на специјалната операција на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека е потребен директен разговор меѓу него и претседателот Путин.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера по средбата во Турција изјави дека Путин нема да зборува „за да зборува“.
„Ние секогаш сме за разговори ако можеме да го решиме ова прашање, а украинските власти би сакале да се сретнат за да се сретнат“, рече Лавров.
Кажа дека Зеленски неколку пати инсистирал на средбата и рече дека се надева оти патот за тоа ќе се отвори на белоруската рута.
Лавров уште еднаш посочи дека Путин не е против средбата, но дека пред тоа мора да се „поплочи“ патот за да се преговара за што било.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Медведев: Санкциите наметнати на Русија ќе бидат во сила со децении

Воведените санкции кон Русија ќе бидат во сила со децении, а тоа не е ни поврзано со специјалната операција во Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Медведев рече дека е очигледно дека санкциите ќе бидат во сила уште долго, како што беше во минатото, вклучувајќи го и периодот на Социјалистичка Република Србија, пренесува РИА Новости.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија нагласува дека поради тоа треба да се потпре само на сопствените сили.
Европа
Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај, објавија медиумите.
Шпанската влада почна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.
Од метеоролошката агенција додаваат дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и исклучително високи дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.
„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на „Аемет“, Рубен дел Кампо.
Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.
Најтопло ќе биде в петок и в сабота, а потоа в недела ќе има голем пад на температурата.
Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската Долина денеска би можеле да надминат над 40, а утре ќе бидат и до 42 степени.
„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.
Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.
Дел Кампо ги предупреди граѓаните на екстремен ризик од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.
„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.
Европа
Лидерите на Европската Унија сакаат да основаат фонд за обнова на Украина на 30 мај

Лидерите на ЕУ работат на формирање фонд за обнова на Украина на 30 мај, но сè уште не е јасно како ќе се финансира.
„Треба да се воспостави платформа за обнова на Украина која ќе ги собере на едно место украинската влада, земјите членки на ЕУ, како и партнерите, финансиските институции и организации“, се заклучува во нацрт-заклучоците, пренесува „Ројтерс“.
Европската комисија во средата предложи да се воспостави механизам на грантови и заеми со неодредена големина наречена „Обнова Украина“, по моделот на постоечкиот Фонд за закрепнување на ЕУ, кој земјите членки заеднички го позајмија на пазарот.