Свет
Професор од Африка предупредува: Кривата на случаи со омикрон е многу поостра отколку во претходните бранови

Кривата на новите случаи со Ковид-управувана од варијантата омикрон е многу поостра од претходните бранови, предупреди директорот на Институтот за здравствени истражувања во Африка, професорот Вилем Ханеком.
„ Бранот во кој се наоѓаме во моментов е многу поостар, отколку што беше кривата во претходните бранови“ објасни Ханеком во интервју за „Скај њуз“.
Според него се чини дека реинфекциите се почести за време на овој бран, што пак сугерира дека вирусот може да се спротивстави на некои аспекти од имунитетот со кој треба да се заштитиме.
Професорот Ханеком вели дека профилот на пациентите со омикрон е малку поинаков, со тоа што помладите луѓе се разболуваат, особено оние кои не биле вакцинирани. А оние кои биле вакцинирани имале поблага болест отколку што се очекува.
„ Значи, тоа е веројатно добра вест и причина да се вакцинираме, бидејќи се чини дека вакцината сепак ќе штити од тешки болести и смрт“, истакна Ханеком и додаде дека практично целиот вирус што го има во моментот во Јужна Африка е омикрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржува премиерот Виктор Орбан. Ова се резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.