Контакт

Свет

„Путин го уби Алексеј, отруен е со новичок“: Јулија Навални вети дека ќе ги именува оние што се вмешани во неговата смрт

Објавено пред

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави видео во кое наведува дека нејзиниот сопруг е отруен со новичок и затоа руските власти го кријат неговото тело.

Видеото е објавено на социјалните мрежи на Алексеј Навални.

Ова беше првпат Јулија Навални да зборува од петокот, денот кога беше објавена смртта на нејзиниот сопруг, а таа учествуваше на безбедносна конференција во Минхен.

Таа ги обвини руските власти дека го кријат телото на Навални велејќи дека сѐ уште чекаат трагите од нервниот агенс новичок да исчезнат од неговото тело.

„Мојот сопруг беше убиен од Владимир Путин. Некаде во затвор надвор од Арктичкиот круг, Путин не само што го уби Алексеј Навални како личност, тој сакаше да ги убие нашата надеж, нашата слобода, нашата иднина. Точно знаеме зошто Путин го уби Алексеј пред три дена. Набргу ќе ви кажеме. Но, најважното нешто што можеме да го направиме за Алексеј и за себе е да продолжиме да се бориме“, вели Јулија во видеото и вети дека ќе ја продолжи мисијата што ја почна Алексеј.

Таа исто така вети дека ќе ги именува оние што се вмешани во неговата смрт и зошто е убиен.

Овие коментари доаѓаат откако портпаролката на Навални изјави дека на мајка му и на адвокатот им било забрането да го видат неговото тело утрово во мртовечницата.

„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија. Со убиството на Алексеј, Путин уби половина од мене – половина од моето срце и половина од мојата душа. Но, сѐ уште ја имам другата половина, која ми кажува дека немам право да се откажам“, изјави Навални.

Најново

Забава1 секунда

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија11 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника50 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија53 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија57 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија1 час

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт1 час

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...