Свет
Путин сам ќе каже дали и кога сака да ја прими вакцината
Рускиот претседател Владимир Путин сам ќе соопшти дали и кога сака да ја прими вакцината против коронавирус, изјави неговиот портпарол Дмитри Песков.
„Ако сака и кога сака да се вакцинира, сам ќе информира за тоа“, рекол Песков.
Како што потсетил, првата вакцина против Ковид-19 е регистрирана во Русија во август, за време на јуни и јули е испитана на добороволци, минатата недела беше пуштена првиот пакет вакцини во цивилен промет.
Вакцината го доби името – „Спутник В“.
Путин претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од околу 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети
Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на прослава во американската сојузна држава Алабама во саботата по расправија.
Несреќата се случила во округот Болдвин, а канцеларијата на окружниот шериф соопшти дека прославата била мирна се додека не избила расправија која довела до пукање на едно лице во толпата, пренесува Си-Ен-Ен.
Според архивата за огнено насилство, ова е најновото од 155 масовни престрелки во САД во 2024 година, односно оние во кои најмалку четири лица загинаа или беа повредени, не сметајќи го напаѓачот.
Свет
Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас
Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето на санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја во водите во близина на Корејскиот полуостров.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги повика Обединетото Кралство, Канада, Германија, Франција, Нов Зеланд и Австралија веднаш да ја прекинат „очигледната воена интервенција во азиско-пацифичкиот регион“ што тие наводно ја спроведуваат користејќи ги санкциите на ОН како изговор.
„Демократска Народна Република Кореја ќе преземе мерки за темелна одбрана на својот суверенитет и безбедност“, соопшти Министерството за државната телевизија KCNA, пренесува Ројтерс.
Свет
Руско Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало
Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Наведено е дека уништени се 12 ракети „Оља“ и 12 беспилотни летала над регионот Белгород, осум беспилотни летала над регионот Курск, четири ракети „Олуја сенка“ и седум беспилотни летала над Крим, а четири беспилотни летала над регионот Липецк, пренесува РИА Новости.
Регионот Белгород вчера беше цел на масовно гранатирање на украинските сили, а 15 лица загинаа кога беше погоден влезот на повеќекатната зграда.