Свет
Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час на час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.
Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер што го погоди островот Сулавеси. Речиси 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.
Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.
Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од речиси 18 километри, покажуваат податоците на американскиот Институт за геофизика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на вакцини, соопшти Интерпол, предупредувајќи дека ова е само врвот на ледениот брег.
„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини против Ковид-19 по дојавата на Интерпол, со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додава меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.
Тројца кинески државјани и еден Замбиец се уапсени во акцијата, спроведена во Гермистон, во провинцијата Гаутенг, каде што е откриена и голема количина фалсификувани маски.
Интерпол исто така интервенирал и во Кина, каде полицијата открила мрежа за продажба на лажни вакцини против Ковид-19 и упаднала во производствен погон, приведувајќи 80 осомничени и запленувајќи над 3.000 дози лажни вакцини.
„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцини против Ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.
Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини кои се продаваат онлајн или се рекламираат по интернет-страници за продажба не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни.
Регион
Нов силен земјотрес во Грција

Нов силен земјотрес вечерва бил почувствуван во Грција.
Според податоците на Европскиот-медитерански сизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 30 километри од градот Лариса.
По него следувале и неколку послаби поотреси.
Силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово, а истиот беше почувствуван и на територијата на нашата земја.
Во тој земјотрес имало повеќе повредени, пренесоа грчките медиуми.
Европа
Маж во Шведска со нож нападнал осум луѓе, полицијата се сомнева на тероризам

Помлад маж со остар предмет нападнал осум лица во шведскиот град Ветланда. Две жртви се тешко повредени.
Според локалните медиуми, напаѓачот бил пренесен во болница откако полицаец го ранил во ногата. Медиумите го опишуваат како човек на дваесетина години.
⚠️🇸🇪#𝐀𝐋𝐄𝐑𝐓: TERRORIST ATTACK REPORTED IN SWEDEN; MULTIPLE PEOPLE STABBED IN NECK
📍#Vetlanda, #Sweden
Multiple people have been stabbed in the neck during a terrorist attack. Police have detained the suspect. Large EMS presence on scene dealing with injuries.#BreakingNews pic.twitter.com/9RwdvFDbFQ— 𝐈𝐧𝐭𝐞𝐥 𝐏𝐨𝐢𝐧𝐭 𝐍𝐞𝐰𝐬 𝐀𝐥𝐞𝐫𝐭𝐬 (@IntelNewsDesk) March 3, 2021
Полицијата најпрво го окарактеризира злосторството како обид за убиство, но сега се сомнева дека станува збор за тероризам.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер