Свет
Ројтерс: Секоја минута умира по еден Американец од коронавирус
Едно лице умира од Ковид-19 на секоја минута во Соединетите Американски Држави, јавува новинската агенција „Ројтерс“.
Вкупниот број на смртни случаи во САД надмина 150.000, што е најмногу во светот, а стапката на смртност се зголемува.
Според анализата на „Ројтерс“, бројот на пациенти расте секој ден во 37 американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26 сојузни држави.
Бројот на починати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Авионот се урнал 20 минути по полетувањето: полицијата објави нови детали за несреќата кај Загреб
Едно лице загина, а четворица патници се повредени во падот на спортскиот авион во саботата во шумата јужно од Керестинац кај Загреб. На летот биле регистрирани пет патници.
За падот на авионот се огласи и полицијата, која објави некои нови детали од несреќата.
„На 25 мај околу 15.51 часот е добиена пријава за пад на мал авион во атарот на населбата Лучко. Веднаш по добивањето на пријавата, полициски службеници заедно со други служби излегле на терен. На местото на настанот, во Ступничко-обрешка шума, на повредените им била укажана лекарска помош и било утврдено дека во авионската несреќа едно лице загинало.
Имено, авионот Цесна со унгарски регистерски таблички го управувал 27-годишен маж, а од засега неутврдени причини авионот се урнал 20-ина минути по полетувањето.
Заедно со пилотот во авионот имало уште четири лица, 30-годишен маж, двајца мажи на возраст од 39 и 22 години и една 68-годишна жена. На повредените им била укажана лекарска помош во здравствени установи во Загреб.
Истрагата ја води дежурниот заменик на Жупаниското државно обвинителство во Велика Горица во соработка со инспектори за авионска несреќа. Истрагата и кривичната истрага продолжуваат за да се утврдат сите околности“, велат од полицијата, пренесува „Индекс“.
Свет
Италија: Насилството врз цивилите во Појасот Газа веќе не може да се оправда
Италијанските власти објавија дека израелските напади врз палестинските цивили во Газа повеќе не се оправдани, што е една од најострите критики на Рим за воената кампања на Израел досега.
„Ситуацијата се влошува. Палестинскиот народ е притиснат, а правата на невините мажи, жени и деца кои немаат никаква врска со Хамас не се земени предвид и тоа повеќе не може да се оправда“, изјави министерот за одбрана Гидо Крозето.
„Ние ја следиме ситуацијата со очај“, додаде тој.
Најмалку 35 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во најновите израелски воздушни напади врз градот Рафа на југот на Појасот Газа. Израел тврди дека нападот бил насочен кон база на Хамас, иако главниот воен обвинител го нарече „многу сериозен“ и рече дека војската жали за какви било последици за цивилите.
Крозето рече дека Италија начелно се согласува со одговорот на Израел на нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври врз заедниците во јужен Израел, но додаде дека мора да се направи разлика меѓу исламистичката група и палестинскиот народ.
Во саботата, италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се сретнаа со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа во Рим, повторувајќи ја својата поддршка за прекинот на огнот и го повикаа Хамас да ги ослободи израелските заложници.
Италија во неколку наврати изјави дека Израел има право да се брани од Хамас. Минатата недела, Рим рече дека одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд да бара налог за апсење на израелските водачи под сомнение за воени злосторства е „неприфатлива“.
Свет
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат
Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи пепел во висина од шест километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.
Колоната од пепел се движи кон запад, а највисокото предупредување е издадено за воздухопловните власти, како и препорака да се евакуира населението на седум километри од вулканот.
Индонезија, архипелаг дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.
Вулканската активност во Индонезија е честа бидејќи се наоѓа покрај т.н „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи.