Свет
Русите го продолжуваат воздушниот сообраќај со 13 земји во светот

Руските власти составиле список на 13 земји со кои Русија би можела да го продолжи воздушниот сообраќај, а на таа листа се Велика Британија, Унгарија, Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Финска, Виетнам, Кина, Монголија и Шри Ланка.
Имено, беше оценето дека епидемиолошката состојба во тие земји е во согласност со критериумите, кои се јасно дефинирани во Русија.
Русија го затвори својот редовен и чартер-меѓународен воздушен сообраќај на 27 март и дозволи само специјални летови за враќање на Русите од странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ја отвори канцеларијата за работи на поранешниот претседател

Доналд Трамп ја отвори канцеларијата на Флорида, која ќе ги води неговите работи како поранешен претседател на САД и ќе ја промовира програмата на неговата администрација.
„ Канцеларијата ќе биде одговорна за водење на коресподенцијата на претседателот Трамп, за неговите јавни настапи и појавувања и службените активности за да се промовираат интересите на САД и програмата на администрацијата на Трамп преку активизам“ се наведува во изјавата која ја пренесе Ројтерс.
Свет
Русија тестира систем за откривање на британскиот вид коронавирус

Систем за откривање на британскиот вид коронавирус се тестира во Русија, објави Службата за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“.
„Тестираме ПСР-тест кој е способен да го открие новиот коронавирус и да го разликува од оној што го знаеме од минатата година, а кој претежно циркулира во Русија“, рече раководителката на ресорот, Ана Попова.
Таа додаде дека имунитетот од коронавирусот што лицето го добива по болеста, исто така, може да заштити и од британскиот вид Ковид-19.
Попова изјави дека веќе била запознаена со резултатите што даваат оптимизам.
Вчера беше објавено дека научниците од Новосибирскиот научен институт „Вектор“ први во светот го фотографираа британскиот вид коронавирус, добиен од пациент во декември 2020 година.
Регион
Вучиќ: Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидувајќи се да обезбедат чамци само за себе”.
„Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово“, рече Вучиќ во видеообјавата на својот инстаграм-профил. Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.
„Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот