Свет
Русите сакаат да го испитаат Навални во Германија

Руската полиција објави дека сака да го испита рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Германија, кој, како што тврди Берлин, бил отруен со нервен гас, што Москва го смета за антируски и неосновани обвинувања.
Русија досега ги одбиваше повиците од Западот да спроведе истрага и покрај заканите за санкции.
Одделот за транспорт на руското Министерство за внатрешни работи, сепак, објави дека ќе побара од Германија „руските истражители да учествуваат во германската истрага“ за случајот со Навални и дека може да му поставуваат прашања бидејќи се разбудил од кома во понеделникот.
Тоа тело е надлежно за предистрагата за која вели дека е рутинска бидејќи најголемиот политички противник на Кремљ се разболел за време на летот. Москва, сепак, смета дека нема никаква врска со извршувањето на злосторството.
Опозицискиот лидер, хоспитализиран во Германија, бил отруен, тврдат неговите приврзаници, на 20 август додека бил во Сибир за да ја испита корупцијата пред локалните избори на 13 септември.
Русија претходно побара од Берлин да ги предаде сите документи за рускиот опозициски лидер, особено наодите од германската воена лабораторија, која откри дека во телото на Навални има отров од типот „новичок“, воен нервен отров произведен во Советскиот Сојуз.
Руските власти тврдат дека нивните анализи извршени за време на хоспитализацијата на Навални во Омск (Сибир) пред неговото пренесување во Германија не откриле токсична материја.
Државното обвинителство во Берлин денеска објави дека добило упатства да одговори на московското барање за правна помош, вклучително и со испраќање информации за здравствената состојба на Навални доколку тој даде согласност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација