Свет
Русија за Бајден: Нападот врз Путин е напад врз нашата земја

Русија го повика својот амбасадор во Соединетите Американски Држави назад во Москва на консултации за иднината на американско-руските односи по изјавите на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Путин „ќе ја плати цената“ за мешање во изборите.
Бајден рече дека рускиот претседател Путин „ќе ја плати цената“ за наводно мешање во изборите, а на прашањето дали мисли дека Путин е убиецот, тој одговорил потврдно.
Русија одговара дека станува збор за неосновани обвинувања.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало својот амбасадор Анатолиј Антонов во Москва да разговара за иднината на односите меѓу Русија и САД.
„Потегот е направен за да се осигура дека билатералните врски не се влошуваат непоправливо“, се вели во руското соопштение.
„Главната работа за нас е да идентификуваме начини на кои можат да се санираат нарушените руско-американски односи што Вашингтон ги доведе во ќор-сокак последните години“, рече во изјавата портпаролот на министерството, Марија Захарова.
Претседателот на долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, рече „Путин е наш претседател и напад врз него е напад врз нашата држава“.
„Бајден со своите изјави ги навредуваше граѓаните на нашата земја“, додаде овој близок соработник на претседателот Путин во првата реакција на изјавите на американскиот претседател, пренесуваат руските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.