Свет
Руски пратеник: Статуата на слободата да се демонтира и да се премести во Русија
Пратеникот на рускиот парламент Михаил Шеремет изјави дека Статуата на слободата треба да се земе од САД и да се премести во Русија. Шеремет, кој командуваше со промосковската милиција на Крим кога Русија го анектира полуостровот во 2014 година, ја даде изјавата за време на интервјуто објавено од рускиот државен медиум „РИА новости“ во саботата.
Говорот на Шеремет дојде само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш ја осуди војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, која почна во февруари минатата година. За време на обраќањето до нацијата во четвртокот, Бајден ја спореди инвазијата на Путин на Украина со неодамнешниот напад на Хамас врз Израел велејќи дека Путин и Хамас „сакаат целосно да ја уништат соседната демократија“.
„САД се ефикасен паразит на економиите на другите земји веќе долго време претворајќи се од тврдина на демократијата во тврдина на деспотизам и насилство носејќи војна и уништување во целиот свет. Затоа, Статуата на слободата треба да биде демонтирана и преместена во Русија, која денес ги штити правата на другите народи и земји на слобода на избор и развој“, рече тој.
Додаде дека САД изгубиле дел од својот углед во светот поради политиката на актуелниот претседател, пренесува „Њузвик“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.