Свет
Руски службеник доби отказ по објавувањето дека Кина ѝ кажала „не“ на Русија

Руските воздухопловни власти отпуштија службеник, кој минатата недела рече дека Кина одбила да им испорача на руските авиокомпании делови за авиони по санкциите на Западот, објави „Комерсант“ цитирајќи извори и официјални лица.
Валериј Кудинов, претставник на руската Федерална агенција за воздушен транспорт („Росавијација“), задолжен за одржување на пловидбеноста на авионот, рече дека Русија преговара за купување делови од земји, вклучително и Турција и Индија, по неуспешниот обид да ги набави од Кина.
Извор за „Ројтерс“ потврди дека Кудинов е отпуштен додавајќи дека останал без работа поради јавни изјави за Кина.
Рускиот весник „Комерсант“ ја цитира изјавата на Кудинов дека е отпуштен поради откривање информации според федералниот закон кој регулира како мора да се однесуваат државните службеници. Воздухопловниот сектор на Русија е под притисок на западните санкции поради инвазијата на Украина.
Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера ја предупреди Кина дека ќе биде изолирана доколку ја поддржи Русија во нејзината агресија против Украина. Тој му рекол на високиот кинески дипломат Јанг Џичи дека Пекинг може да се соочи со економски казни и глобална изолација доколку ѝ помогне на Русија, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.