Европа
САД го бараат кртот, експертите сметаат дека Американец е виновен за обелоденувањето тајни документи
Америка е во потрага по лицето одговорно за неодамнешното обелоденување доверливи воени и разузнавачки информации за кои западните безбедносни експерти и американските официјални лица веруваат дека е лице од САД.
„Истрагата е фокусирана на претпоставката дека документите излегле од САД бидејќи многу од објавените документи биле само во американски раце“, изјави за „Ројтерс“ поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.
„Многу од документите беа фотографирани, што сугерира дека тоа е намерно направено од некој што сакал да им наштети на напорите на Украина, САД и НАТО“, изјави Малрој.
Нова серија доверливи документи, во кои се детализирани тајните детали за американските национални безбедносни интереси, од Украина до Блискиот Исток и до Кина, се појавија на социјалните мрежи во петокот, што дополнително го вознемири Пентагон и дополнително ги зголеми превирањата во администрацијата на Бајден, објави „Њујорк тајмс“.
Според весникот, аналитичарите запознаени со обемот на обелоденувањето доверливи информации велат дека очигледно се објавени повеќе од 100 документи, што во зависност од степенот на тајност може да биде многу штетно.
Инспекторите во моментот работат со четири или пет можни теории.
Според една теорија, се претпоставува дека зад обелоденувањето на податоците стои незадоволна личност, која е вработена во американската разузнавачка агенција, според медиумите во светот.
Друга теорија тврди дека крт е одговорен за обелоденувањето на документите, кои активно сакале да им наштетат на американските безбедносни интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
